Линкови за пристапност

vesti 29  - 2004-11-29


Украина

Украинскиот Врховен суд ја одложи одлуката по поднесената жалба за решавање на политичката криза во земјата по претседателските избори.

Според Асошиетед прес, судот му дава повеќе време на про-рускиот премиер Виктор Јанукович да ги разгледа доказите во однос на спорната победа над лидерот на опозицијата Виктор Јушченко.

Претседателот Леонид Кучма кој го поддржуваше г-динот Јанукович, изјави дека финансискиот систем на земјата ќе колабира за неколку дена, како резултат на кризата.

Проблемите се продлабочија вчера кога претставници на некои про-руски региони во Украина, рекоа дека ќе распишат референдум за автономија доколку претседател не биде Јанукович.

Шефот за надворешна политика на Еу Хавиер Солана и Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер, денеска во Брисел изјавија дека е од особена важност Украина да се одржи обединета.

Иран-Нуклеарно оружје

Меѓународната агенција за атомска енергија ја усвои резолуцијата која беше донесена со посредство на ЕУ, а во која Иран се согласува на целосен прекин на активностите за збогатување на ураниумот.

Резолуцијата беше поддржана за време на состанокот на бордот гувернери на агенцијата, а со тоа се избегнува предметот за иранското прашање да биде предаден на Советот за безбедност на ОН.

Според резолуцијата, Техеран вети дека ќе ги прекине сите активности за збогатување на ураниумот, а Меѓународната агенција за атомска енергија треба да го потврди ова.

Во меѓувреме, Иран го повлече барањето, од договорот за прекин на нуклеарните активности да биде иземена работата на 20 центрифуги.

Ирак

Од експлозија на бомба пред полициска станица во западен Ирак загинале најмалку шестмина полицајци, а деветмина се повредени.

Повеќемина ирачки полицајци и војници загинаа во бунтовничките напади ширум Ирак, откако заврши американската воена операција во Фалуџа.

Во меѓувреме, во Мосул, американските сили пронашле тела на преку 50 лица во изминативе неколку дена. Повеќето од жртвите биле припадници на ирачките безбедносни сили.

Група поврзана со бараниот терорист, Абу Мусаб Ал Заркави ја презема одговорноста за убиството 17 ирачки војници во Мосул во изминативе пет дена.

Израел-Палестинци

Висок член на палестинската милитантна група Хамас вели дека неговата организација можно е да ги запре нападите врз Израел додека Палестинците се подготвуваат да изберат нов лидер во јануари.

Шеикот Хасаб Јусеф во изјавата за израелското радио рече дека неговата група би ја разгледала и опцијата за 10-годишен прекин на огнот со Израел, со можност тој да се продолжи. Како дополнение, Јусеф кажа дека Хамас нема да се вклучи во кој и да е мировен договор меѓу Израел и палестинското раководство.

Шеикот Хасан кои беше уапсен од израелските сили во 2002, беше неодамна ослободен.

Хамас го нема формално признаето израелското право на постоење и ја презема одговорноста за десетина самоубиствени напади врз израелски цивилни цели во изминативе четири години.

XS
SM
MD
LG