Линкови за пристапност

Америка го прославува Денот на благодарноста - 2004-11-25


Во Њујорк, продавницата Мејси е домаќин на позната годишна празнична парада. Десетици џиновски балони ги претставуваат познатите карактери од цртаните филмови и маршираат до Бродвеј, придружувани со музичари.

Граѓаните различно го доживуваат Денот на благодарноста. За некои тоа е длабоко духовен празник. За други, тоа е ден кога се јаде печена мисирка и се гледа американски фудбал на телевизија.

Џон Хамри и неговите четири деца од Атланта, Џорџија, допатувале во Вашингтон да го прослават празникот:

„Нашиот план е ја посетиме институцијата Смитсониан и најверојано ќе јадеме во ресторантот во склоп на индијанскиот музеј. Ќе имаме традиционална вечера. Возбудени сме што сме во Вашингтон“.

Денот на Благодарноста секоја година се одржува последниот четврток во ноември. Празнувањето датира од 1621 година, кога европските доселеници заедно со домородните американски Индијанци, вечерале и ја прославувале добрата жетва.

Во последниве години, празникот го одбележува стартот на шопинг-сезоната за Божиќ.

XS
SM
MD
LG