Со одлуката за простување на 31 милијарда долари надворешен долг, Ирак ќе може да се фокусира на обновата на нафтените полиња во земјата, а не да ги отплаќа кредитите од времето на поранешниот лидер Садам Хусеин.
И покрај тоа, политичките и економските експерти во Ирак се внимателни дали овој чекор ќе донесе поголема стабилност во земјата, каде бунтовниците продолжуваат со нападите.
На Универзитетот во Багдад, професорот по политичкi наукi Џабар Абдел Абдулах изјави дека на Ирак му е потребна политичка солуција да запирање на милитантите, а не економска: „Потребна ни е политичка конференција, а не економска“, вели тој. „Мислам дека простувањето на 80 отсто надворешен долг спрема Германија не е во корист на Ирак. Тоа ќе им помогне на САД да покажат дека се подготвени за соработка со Германија. Исто како и со Франција. Но Ирачаните немаат корист од тоа. Потребна е поддршка од политички аспект, а не од економски“.
Економскиот експерт од багдадскиот институт за економска администрација, Омар Арафат не се согласува со ваквото стојалиште. Без економска помош, нема стабилност во Ирак, смета Арафат. За него хаосот и безбедносното прашање не се примарни. Тој вели дека на прво место треба да биде економската тема, зашто сиромаштијата принудува на секакво размислување: „Секогаш, кога некој не работи, нема пари, не може да ги прати децата на училиште, тој оди по друг пат, пат на насилството. Мислам дека економските прашања се приоритет. Мора да се решат“, вели господинот Арафат. Според овој професор, простувањето на долгог на Ирак е прв чекор во обезбедување солидна иднина за земјата.
Поголем прогрес кон намалување на долгот на Ирак се очекува на дводневниот меѓународен Самит во Шарм ел Шеик, Египет. Земјите-учесници ќе дискутираат за иднината на Ирак. Се очекува да биде усвоена декларација со поддршка за преодната влада на Ирак, како и за закажаните избори на 30 јануари.