Ирак
Дводневната меѓународна конференција за Ирак се одржува во египетското одмаралиште Шарм ел-шеик. Министрите за надворешни работи од шесте соседа на Ирак, вклучувајќи го и ирачкиот, се очекува да се фокусираат на контролата на границите и спречувањето влез на терористи во арапската држава.
На вториот ден од конференцијата, на делегатите ќе им прават друштво официјални лица од САД, ОН, ЕУ и Обединетите арапски емирати. Анцентот на разговорите ќе биде ставен на меѓународните напори за одржување избори во Ирак, закажани за 30-ти јануари.
Во Ирак, пак, американските воени авторитети соопштија дека маринците за време на операцијата за чистење на Фалуџа пронашле вкупно 20 упоришта, користени од милитантите, кои формално го контролираа градот.
Во Рамади, јужно од Фалуџа, непознат напаѓач застрелал осум припадници на ирачката национална гарда.
САД – Блиски Исток
Израел го увери гостинот Колин Пауел, американски државен секретар, дека ќе стори се што е можно да обезбеди Палестинци на изборите во јануари да гласаат и да го изберат новиот претседател, кој ќе го починатиот Јасер Арафат.
Пауел побара од Израел да не се меша во внатрешните избори меѓу Палестинците. Тој се сретна со израелскиот премиер Ариел Шарон и со министерот за надворешни работи Силван Шалом во Ерусалим.
Шалом изјави дека Израел ќе ги усогласи рестрикциите за палестинското Движење за слобода, но и другите услови кои влијаат врз исходот на изборите.
Пауел исто така ќе се сретне со новото палестинско раководство на Западниот брег, во градот Јерихо. При тоа ќе им изрази американска поддршка за изборите за наследник на Јасер Арафат, закажани за 9-ти јануари.
Избори во Украина
Опозицијата во Украина повикува на протести на национално ниво поради резултатите од претседателските избори за кои меѓународните набљудувачи сметаат дека не исполниле голем број на демократски стандарди.
Кандидатот Виктор Јушченко пред десетици илјади симпатизери во центарот на Киев кажа дека протестите ќе продолжат се́ додека тој не биде прогласен за победник на вториот круг на изборите што се одржа во неделата.
По пребројување напреку 99 проценти од гласовите, државната изборна комисија соопшти дека премиерот Виктор Јанукович води со 49 проценти, речиси три проценти повеќе од про-западно ориентираниот Виктор Јушченко.
ОБСЕ смета дека изборите не исполниле, цитираме „значаен број“ на стандарди за демократски избори.
Буш - Колумбија
Претседателот Буш во Колумбија ќе има разговори со претседателот Алваро Урибе, околу војната со дрoгата во земјата. Средбата во поморскиот град Картагена се очекува да биде фокусирана на идните планови на Колумбија, како и за американскиот пакет-помош за напорите на властите во Колумбија за апсење на дилерите и уништување на индустијата со кокаинот.
Пет-годишниот мултимилионски пакет во вид на американски долари истекува идната година.
Во неговото неделно радио-обраќање до нацијата, Буш изјави дека Вашингтон цврсто стои до владата на Колумбија да и се спротивстави на трговијата со дрога, која се заканува да ја наруши стабилноста во западната хемисфера.
Околу 15.000 колумбиски полицајци и воен персонал се грижат за безбедноста на Буш за време на неговата посета на Колумбија.