Линкови за пристапност

Погребан палестинскиот лидер Јасер Арафат - 2004-11-12


Јасер Арафат денеска беше погребан на својот имот Мугата, во Рамала. Десетици илјади Палестинци, од кои поголемиот дел млади, се собраа во Мугата неколку часа пред да биде донесен ковчегот со телото на палестинскиот лидер.

Палестинците со црно бели традиционални шамии извикуваа пароли со кои се величеше делото на Арафат.

За разлика од државничката церемонија за палестинскиот лидер што се одржа во Франција или воените почести во Каиро, ова беше вистинско народно збогување.

XS
SM
MD
LG