Линкови за пристапност

Ден на ветераните - 2004-11-10


Во 11 часот на 11-от ден во 11-от месец, 1918 година, Првата светска војна заврши со примирје. Претседателот Вудворд Вилсон го прогласи 11-ти ноември за ден кога заврши Првата светска војна. Тогаш стана федерален празник во САД.

Во 1954 година, по враќањето дома на ветераните од Втората светска војна, еден од нив – претседателот Двајт Ајзенхауер, го задржа датумот, но го смени името – Денот на Ветераните. Ден во чест на американските ветерани од сите војни, ден за преживеаните, но и за загинатите.

На Денот на ветераните, американскиот претседател традиционално положува венец на гробот на незнајниот јунак на националните гробишта во Арлингтон, на брегот на реката Потомак во Вашингтон.

Минатата година на Денот на ветерените, претседателот Буш изјави дека САД ќе ја завршат мисијата во Авганистан и во Ирак и оти непријателот ќе биде поразен, а демократијата ќе победи.

Конфликтот во Ирак е во мислите на многу граѓани за овогодинешниот празник, поради Американците кои таму ги загубија животите.

Во Бела Виста, мал град во северозападен Арканзас, минатиот викенд беше откриен Ѕид во чест на ветераните. Имињата на жителите од градот кои служеле во воената служба на САД се испишани на него. Остин Филипс бил во патрола во Багдад минатиот мај, кога бил повреден од експлозија, при што загубил екстремитет:

„Тоа беше многу емоционално, гледајќи и сфаќајќи дека сум сум се жртвувал за мојата земја“, вели господинот Филипс.

Како и вообичаено Денот на ветераните ќе биде одбележан со паради и церемонија кај Споменикот на незнајниот јунак. Ќе им биде оддадена почест на ветерените од многу војни кои одамна се завршени, но и на оние кои се вратиле од војните кои се уште траат.

Секоја година, Денот на ветераните се прославува на 120 национални гробишта и медициски центри на ветераните ширум САД - од Порторико на Карибите до Хаваите и Гуам на Пацификот.

Според утврдената традиција за церемониите на Денот на Ветераните, лидерите од групите-ветерани ќе се сретнат со претседателот Буш во Белата куќа по што ќе го придружуваат до гробиштата во Арлингтон.

XS
SM
MD
LG