Линкови за пристапност

najnovi vesti 11-10 - 2004-11-10


Арафат

Висок муслимански свештеник кој во француската болница го посетил палестинскиот лидер Јасер Арафат, вели дека неговата здравствена состојба е мошне сериозна, но дека тој е се уште жив.

Во меѓувреме, палестинските претставници се подготвуваат да соопштат оти ќе го прифатат египетскиот предлог за одржување погребна церемонија за г-динот Арафат во Каиро. Портпаролот на египетскиот претседател Хосни Мубарак потврди дека подготовките за погребот на г-динот Арафат се во тек.

Израел вели дека ќе дозволи палестинскиот лидер да биде погребан во неговото седиште во Рамалах. Министерот за внатрешни работи Аврахам Пораз вели дека на израелските арапи и Палестинците од Појасот Газа, ќе им биде дозволено да присуствуваат на

Иран

Ирански претставник вели дека неговата земја ќе се повлече од меѓународниот Договор за неширење на нуклеарното оружје, доколку западните држави извршат притисок врз Иран да се откаже од својата нуклеарна програма.

Иранските медиуми денеска го цитираат преговарачот за нуклеарни прашања Сирус Насери кој вели дека доколку врз Иран се врши притисок или некој му се заканува, тој се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје и ќе почне тајно да работи на својата нуклаерна програма.

Западните држави сакаат Иран да се откаже од програмата за збогатување на ураниумот, кој, како што велат, може да се користи за производство на нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирнодопски цели. погребот.

Ирак

Со продолжувањето на битката за заземање на Фалуџа, бунтовниците во Ирак наводно се обиделе да отворат нови фронтови, изведувајќи напади врз неколку локации.

Во градот Мосул е прогласен прекин на огнот по серијата напади при што загинале пет лица. Полицијата вели дека најмалку тројца полицајци, еден гардист и еден странски договорен работник загинале во нападите.

Во меѓувреме, американската армија вели дека еден американски војник загинал, а друг е повреден при експлозија на бомба покрај пат во Балад, северно од Багдад. На север, пак, исто така од експлозија на бомба загинале шестмина ирачки војници.

Вчера, бунтовниците киднапирале двајца роднини на ирачкиот привремен премиер Ијад Алави и се заканиле дека ќе ги погубат за 48 часа, доколку не престанат нападите врз Фалуџа и доколку не бидат ослободени сите ирачки затвореници.

Ирак - Фалуџа

Илјадници американски и ирачки трупи навлегоа во северозападната населба Јолан, каде биле лоцирани поголемиот дел од бунтовниците и сега контролираат околу 70 проценти од Фалуџа.

Американските команданти велат дека ја контролираат канцеларијата на градоначалникот, главните мостови, некои владини згради и џамии.

Портпаролот на привремениот ирачки премиер Ијад Алави денеска изјави дека повеќето вооружени групи во Фалуџа побарале да се предадат. Тој кажа и дека ирачките власти ќе ги амнестираат овие лица доколку се докаже дека не извршиле поголеми кривични дела.

Претставници на американската армија изјавија дека од почетокот на операцијата за заземање на Фалуџа во понеделникот, загинале 11 американски војници и двајца ирачки војници. Нема потврдени информации за бројот на жртвите од непријателската страна. Фалуџа инаку важи за упориште на терористите.

XS
SM
MD
LG