Линкови за пристапност

Сервер: Го охрабрував Конгресот да преземе иницијатива Македонија да се признае под уставно име и среќен што слушам дека тоа се случува - 2004-11-04


САД ја признаа Македонија под нејзиното уставно име. Еве што по тој повод, изјави Даниел Сервер, директор за мировни и операции за стабилност во американскиот Институт за мир во Вашингтон.

„Република Македонија има право да се нарекува како што сака. Оваа земја очигледно има добрососедски односи со Грција, така што не гледам дека притоа би имало сериозни проблеми. Го охрабрував Конгресот да преземе иницијатива, Македонија да се признае по своето уставно име и среќен што слушам дека тоа се случува“.

Во однос на престојниот референдум во Македонија, г-динот Сервер беше категоричен:

„Меѓународната заедница можно е да биде заинтересирана за исходот од референдумот, но се сведува на фактот дека зависи од македонските граѓани да одлучат она што сакаат, имаат институции и механизми да го сторат тоа на мирен начин и тоа е огромно достигнување“.

XS
SM
MD
LG