Линкови за пристапност

Димитров: Доколку правилно ја разбираме пораката, таа е следнава – поддршка на македонската државност и политика - 2004-11-04


Димитров: „Ја поздравувам оваа голема одлука на Соединетите Американски Држави, што доаѓа во еден битен и деликатен момент за Република Македонија. Сметам дека одлуката да се признае Македонија под нејзиното уставно име, апсолутно не е одлука насочена против Грција, туку е одлука насочена во интерес на Република Македонија и македонската државност, а со самото тоа и македонската стабилност. Мислам дека овој чекор ќе не приближи до конечно затварање на прашањето на името, што од друга страна ќе влијае исклучително позитивно, не само за стабилноста на Македонија, туку и за стабилноста во регионот. За нас е ова голем ден и доколку правилно ја разбираме пораката, таа е следнава – поддршка на македонската државност и политика“.

XS
SM
MD
LG