Линкови за пристапност

Стејт департментот потврди дека САД ја признале Македонија под нејзиното уставно име - 2004-11-04


Во изјавата за Гласот на Америка на македонски јазик, Кетрин Шелоу од Бирото за Европа ни изјави:

„Одлучивме на Македонија отсега официјално да и́ се обраќаме како на Република Македонија. Со признавање на уставното име што го избра Македонија, сакаме да ја потврдиме американската заложба за перманентна, мултиетничка, демократска македонска држава во рамките на своите граници“.

Како ова ќе се одрази на преговорите во врска со името што се одвиваат под покровителство на ОН? Кетрин Шелоу вели: „Ја донесовме оваа одлука во однос на името на Македонија без предрасуди кон преговорите под покровителство на ОН што се одвиваат од 1993-та година, во врска со разликите меѓу Македонија и Грција околу името. Се надеваме дека тие разговори ќе резултираат со брзо решение за кое ќе постои заедничка согласност“.

Запрашана за времето во кое САД решија да ја признаат Македонија под уставното име – веднаш по претседателските избори во земјата и непосредно пред референдумот за територијалната реорганизација во Македонија, портпаролот Шелоу коментираше:

„Референдумот е клучно прашање за Македонија на нејзиниот пат кон Европа поради мултиетничките и демократски аспекти на Македонија. Граѓаните на Република Македонија се пред битна одлука на 7 ноември, дали нивната земја ќе појде нанапред или наназад. Во контекст на важноста на оваа одлука, сметам дека е соодветно време да се даде овој знак на наша поддршка на македонскиот народ“, кажа Кетрин Шелоу за Гласот на Америка на макеоднски јазик.

XS
SM
MD
LG