Линкови за пристапност

Стејт департмент:  Продолжува тесната соработка со македонската Влада за градење нова американска амбасада на Кале  - 2004-10-29


Во Стејт департментот истакнуваат дека селекцијата на Градиште за локација на новата амбасада на САД претставува внимателен, систематски и транспарентен процес што се одвива повеќе години.

Според Чарлс Инглиш, директор на Канцеларијата за Централниот дел на Јужна Европа, една од причините за нова локација е безбедносната, со оглед на тоа што на сегашната имало инциденти на упаѓање. Барањето на нова локација е вршено со стриктно почитување на американските и македонските закони. Разгледавме многу други места, но освен местото на Градиште, што македонската влада долги години ни го предлагаше, сите други моравме да ги одбиеме, од различни причини кажа Чарлс Инглиш за Гласот на Америка на македонски јазик.

Според него, селекцијата на конкретниот дел на Градиште е донесена во соработка со македонските експерти и внимателна проценка на каков и да е вид културни и археолошки вредности на локацијата, наведувајќи дека е направено целосно археолошко истражување што утврдило дека местото за време на отоманскиот период се користело како гробишта, но дека се преземени чекори за нивно преместување во согласност со исламската традиција.

Американскиот приоритет во овој процес, вели Чарлс Инглиш е:

„Да имаме постојана локација во Скопје, за нас е битно на македонскиот народ да му покажеме дека нашето присуство таму е трајно. Дека на американко-македонските односи гледаме долгорочно“.

Македонската асоцијација на млади професионалци и студенти од Вашингтон и Њујорк, вели дека идејата за средба со официјални лица од Стејт департментот била да се претстави македонскиот културно-историски интерес. Стив Глигоров од Асоцијацијата додава:

„Имавме активен дијалог за некои работи што се мошне битни за македонската култура. Целта ни беше официјално на САД да им ставиме на знаење дека овие работи се битни, да не се испуштат и до одреден степен да бидат познати во јавноста. Имаме активен дијалог да се постигне резолуција со цел двете страни да имаат попозитивен заклучок“.

XS
SM
MD
LG