Линкови за пристапност

Претседателот Буш ќе ја укине програмата за социјална заштита тврди платениот политички оглас на штабот на сенаторот Кери  - 2004-10-22


Од рекламната порака на сенаторот Кери:

„Вистинската цел на Буш – укинување на програмата за социјална заштита“.

Штабот на Буш, пак, го обвинува Кери дека смета оти тероризмот не е ништо друго освен - неприлика.

Од рекламната порака на претседателот Буш:

„Тероризмот - неприлика? Како Кери може да не́ заштити кога не ја разбира заканата?“

Кое од овие обвиненија е точно? Ниту едно, според политичките аналитичари. Тие велат - обајцата кандидати одат предалеку во тврдењата, во надеж да придобијат гласови.

Брукс Џексон од проектот Проверка на фактите при Универзитетот во Пенсилванија подвлекува дека претседателот никогаш не најавил промени во однос на социјалната заштита. Згора на тоа, тврдењето на Кери се базира единствено на анонимен извор во еден новински напис - дека претседателот Буш во евентуалниот втор мандат ќе ја приватизира социјалната заштита.

Норман Орнстеин од Институтот Американ Ентерпрајс во Вашингтон вели дека не стои и тврдењето на претседателот Буш за погледите на Кери во врска со терористичката закана, бидејќи тој е за борба потив терористите, но не и за толку преголем фокус на таа борба во Ирак.

Слично нешто се одвиваше и за време на изборите во 2000-та. Можеби се работи за феномен на изборите кои според анкетите ќе бидат неизвесни до последниот момент – изборните штабови користат секоја предност за да добијат глас повеќе.

XS
SM
MD
LG