Линкови за пристапност

Жителите на Тексас, Колорадо, Аркансаз и Флорида од вчера почнаа со рано гласање на претседателските избори - 2004-10-19


Раното гласање, со директно појавување на изборните места, започна и во федералните држави Висконсин, Ајова, Невада. Охајо, Ново Мексико и Пенсилванија. Во Орегон, пак, во тек е гласање и преку пошта. Обата изборни штаба проценуваат дека најмалку 20 проценти од Американците ќе го дадат својот глас пред изборите на 2 ноември. Резултатите од раното гласање нема да бидат пред завршувањето на изборите на 2 ноември, бидејќи тие ќе се пребројат заедно со гласовите дадени на тој ден.

На изборите во 2000-та, дојде до голем спор и повеќекратно пребројување на гласовите дадени во федералната држава Флорида, што на крајот му донесе победа на тогашниот тексашки гувернер Џорџ В. Буш пред потпретседателот и сенатор Ал Гор во трката за Белата куќа. Официјални лица задолжени за изборите велат дека раното гласање во Флорида на сегашниве избори ќе помогне во надминување на проблемите од пред четири години, како долгите редици и забуната на кој начин да се даде гласот на ливчето, односно дали се гласа електронски или мануелно. Оние кои го поддржуваат раното гласање велат дека со него се зголемува одзивот на изборите. Критичарите пак, наведуваат дека ќе биде полесно да се манипулира со дадените гласови.

XS
SM
MD
LG