„Ние немаме информација за нивната судбина. Згора на тоа, ние не сме соодветната информативна агенција за издавање на информации во врска со договорните соработници и неамериканскиот цивилен персонал во Ирак“, ни изјави потполковник Бери Ванејбл од Информативната служба во Пентагон, притоа посочувајќи на владите во Скопје и Багдад како надлежни за ова прашање.