Ирак
Меѓународна хуманитарна организација вели дека во Багдад е киднапиран нејзиниот раководител.
Никој засега не ја презел одговорноста за киднапирањето на Маргарет Хасан. Во соопштението на хуманитарната организација Грижа со седиште во Лондон, се вели дека мотивот за инцидентот не е познат.
Г-ѓа Хасан е омажена за Ирачанец и се заминава со хуманитарна дејност во Ирак преку 25 години.
Во меѓувреме, ирачкото Министерство за одбрана вели дека четворица припадници на Националната гарда се убиени, а околу 80 биле повредени за време на гранатниот напад врз нивната база северно од Багдад.
Претходно, американската војска соопшти дека извршила воздушни напади врз упориштето на бунтовниците во Фалуџа поврзани со бараниот терорист Абу Мусаб Ал Заркави.
Британија - Ирак
Британскиот секретар за надворешни работи вели дека Владата има разбирање за американското барање да се прераспоредат некои британски трупи во јужен Ирак во близина на Багдад и да им помогнат на американските војници во таа област.
Џек Строу денеска ја отфрли загриженоста од членовите на британскито парламент кои велат дека чекорот е политично шоу за да се поддржи претседателот Буш пред престојните избори.
Тој овие коментари ги нарече бесмислица.
Вчера, британскиот секретар за одбрана Џеф Хун рече дека властите ќе донесат одлука по американското барање до средината на оваа недела.
Британија во Ирак има околу 9.000 војници.
Авганистан - Избори
Авганистанскиот привремен претседател Хамид Карзаи е на пат да извојува победа за време на претседателските избори во земјата.
Од досега пребројаните преку два милиона гласови, г-динот Карзаи е во водство со 60.8 проценти.
Авганистанскиот претседател доаѓа од доминантна паштунска етничка група, но има одредена поддршка кај малцинствата, бидејќи подпретседателскиот кандидат го именува од две малцински групи.
Израел-Палестинци
Израелските трупи убиле две вооружени палестински лица кои наводно се обидувале да постават екслозив во близина на северниот дел на Појасот Газа.
Според портпаролот на израелската армија, трупите отвориле оган откако ги забележале лицата кои се обидувале да минат низ безбедносната ограда.
Во меѓувреме, израелскиот опозионен лидер Шимон Перез вели дека стравува оти еврејските екстремисти можно е да се обидат да го убијат израелскиот премиер Ариел Шарон поради неговиот план до наредната година Израел да се повлече од Газа.