Линкови за пристапност

Има ли Белград кохерентна политика спрема Косово? - 2004-10-18


Србија е под притсок. На меѓународен план, Белград ги разлути Американците и Европејците со одбивањето да испорача неколкумина поранешни воени воени команданти обвинети за воени злосорства од времето на балканската граѓанска војна во 90-те години. Притисокот доаѓа и од Црна Гора, која сака да стави крај на лабавата федерација со Србија. И конечно, српската влада треба да развие и кохерентна политика за Косово, чиј статус веројатно ќе биде утврден наредната година.

Четири години по соборувањето на Слободан Милошевиќ, српските гласачи стануваат цинични. Во изминативе две години, тие на гласачките места излегуваат осум пати, но и натаму не е постигнат политички консензус за напредок на земјата. Џејмс Лион работи за независната Меѓународна кризна група со седиште во Брисел. Тој вели дека Србија и натаму е трауматизирана од еднодецениската војна, диктатура и корупција. Тој верува дека Србија се лизга кон анти-западниот стил на национализам.

Во моментов, 71 процент од спрпскиот парламент е составен од заменици раководни лица на партии кои се директно или индиректно анти-западно ориентирани. Нема сомнение дека Радикалите добиваат на популарност. Можно е, доколку предвремените парламентарни избори се одржат на пролет, Србија да добие премиер од Радикалната партија. Во тој случај, меѓународната заедница може малку да стори.

Г-динот Лион вели дека најголемиот проблем со кој се соочува српската Влада е економијата.

Земјата сега запаѓа во се поголема економска криза. Животниот стандард не само што стагнира, туку и опаѓа. Можно е Србија да влезе во 2005 година со огромен долг. Владата е речиси банкротирана. Социјалните служби имаат проблеми. Нема буџет за кој може да се расправа. Владата не беше во можност да усвои буџет за наредната година.

Меѓународниот монетарен фонд се уште не дава зелено светло за доделување на помош, се додека владата не го намали својот буџетски дефицит заради ризикот од растечка инфлација.

Даниел Сантер е белградски новинар и политички аналитичар. Тој верува дека владиниот неуспех да се нападне корупцијата придонел за губењето на поддршката за реформските партии. Србија, вели тој, е слична на Русија – со нејзината економија доминираат олигархиите, од кои поголемиот дел дојдоа на власт за време на комунизмот.

Имаме олигархии кои доаѓаат од времето на режимот на Милошевиќ, како и такви кои изникнале после Милошевиќ. Штета за државата и за народот што досегашните деморкатски влади не беа подготвени да се спават со ова прашање.

Некои од олигархиите се верува дека се вмешани во организираниот криминал. Реформскиот премиер Зоран Џинџиќ беше убиен во 2003 и инцидентот се поврзува со српското криминално подземје како и со непринципиелните претставници во безбедносните служби.

Но и покрај многуте проблеми, аналитичарите велат дека Србија има постигнато одреден напредок на трнливиот пат од диктатура до демократско владеење. Медумите се послободни, а зголемени се и личните слободи. Во тек е обновувањето на односите со останатите поранешни југословенски републики. Присутно е и некое директно странско инвестирае.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека со натамошното опаѓање на економијата, разочараните Срби за решение можно е да се свртат кон националистите, враќајќи ја земјата кон нетолеранција и изолација.

XS
SM
MD
LG