Линкови за пристапност

Најнови вести  - 2004-10-14


Реакции по третата ТВ-дебата Буш-Кери

Аналитичарите оценија дека првите показатели по третата ТВ-дебата меѓу претседателот Џорџ Буш и сенаторот Кери покажуваат оти обајцата сториле малку да се оддалечат еден од друг во трката за Белата куќа.

Двајцата кандидати според последните анкети останале во изедначена трка. Набљудувачите сметаат дека ниту еден од нив не направил сериозна грешка во дебатата.

Според испитувањето на јавното мислење на две телевизии, веднаш по завршувањето на синоќешната дебата, гледачите сметаат дека сенаторот Кери извојувал победа. Трета анкета од друга ТВ-мрежа соопшти дека во 90-минутното соочување немало победник.

Останаа уште помалку од 20 дена пред изборите, закажани за втори ноември.

НАТО и Русија здружено против тероризмот

НАТО и Русија се согласија за унапредување на соработката во борбата против тероризмот. Ова е заклучокот по средбата на рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов и неговите колеги од Алијансата на дводневната министерска средба на НАТО во Романија.

По денешните разговори, Иванов изјави дека е договорено Русија да му се приклучи на НАТО во анти-терористичката мисија, вклучувајќи поморски патроли на Медитеранот.

Иванов го повтори правото на Москва за елеминирање милитанти во немирниот регион Чеченија со сите средства, и се спротивстави на двојни стандарди во борбата против тероризмот.

Нови жртви во Ирак

Ирачки болнички извори соопштија дека најмалку 8 лица се убиени во две експлозии во зелената зона во Багдад.

Се уште не се знае дали жртвите се маринци, работници или Ирачани кои работат во комплексот.

Во западниот град Фалуџа, американската авијација извршила напади врз неколку упоришта на терористичката мрежа на Абу Мусаб ал-Заркави.

Во меѓувреме во Мосул, две бомби експлодирале за време на минувањето на патрола на ирачката армија и американски воен конвој. Полицијата соопшти дека еден цивил загинал, а шест ирачки стражари се повредени. Нема извештаи за американски жртви.

260 милиони долари помош за Ирак

Иран, Данска, Нов Зеланд и ЕУ на меѓународната конференција во Токио ветија 260 милиони долари помош за Ирак.

Примарна задача на дводневната средба беше да се најде најдобрата намена за една милијарда долари за Ирак што ги доделија Светската банка и ОН.

Претседавачот со конференцијата, Јапонецот Акио Широта ја идентификува безбедноста како најголемиот предизвик за напредок во изградбата на Ирак.

Вчера, ирачкиот заменик-премиер Бахрам Салех на присутните им порача дека помошта е најдобар начин за санирање на штетите од тероризмот.

Пребројување на гласовите во Авганистан

Авганистанската изборна комисија соопшти дека пребројувањето на гласовите започнало денеска, пет дена по завршувањето на претседателските избори.

Гласачките кутии се пребројуваат откако тимот експерти од ОН ги разгледа жалбите од противниците на привремениот претседател Хамид Карзаи.

Истражувачкиот тим се очекува и натаму да ги разгледува поплаките, иако пребројувањето ќе се одвива паралелно.

Официјални лица од изборната комисија соопштија дека ќе бидат потребни недели за целосно пребројување на гласовите.

XS
SM
MD
LG