Линкови за пристапност

Сите очи кон третата дебата меѓу Буш и Кери - 2004-10-13


Дебатата ќе биде фокусирана на домашната и економската политика. Кандидати може да разменат мислења за војната против тероризмот или Ирак, како што беше случај во претходните дебати. Но, аналитичарот Ерл де Берг, смета очекува фокусот да биде на прашања како јавните пензии и здравственото осигурување за постари лица:

„Основни теми се здравствената заштита, социјалното осигурување, прашањето како даночната политика да биде двигател за економски развој и создавањето нови работни места и заштита на околината“.

Анкетите во Аризона покажуваат дека 15 проценти од американските гласачи може да се неопределени и секој од двајцата кандидати се надеваат на нивната поддршка. Други анкети покажуваат дека неодлучни се само пет проценти од гласачите.

Испитувањата на јавното мислење покажаа дека Аризона, местото каде ќе се одржи третата дебата го поддржува господинот Буш, но соседните Колорадо, Ново Мексико и Невада може да гласаат за другиот кандидат.

Експерот Ерл де Берг вели дека добатите досега се фокусирале на важните теми, а анкетите покажуваат дека гласачите активно се вклучени во нив:

„Мислам дека дебатите беа пример во контекст на соочување на кандидатите за важни прашања пред очите на јавноста. Доказ за тоа е зголемениот интерес, а луѓето дебатите ги земаат сериозно“.

Повеќе од 60 милиони луѓе ја гледаа првата дебата. Околу 50 милиони седеа пред телевизорите за време на втората.

XS
SM
MD
LG