Линкови за пристапност

Косовскиот манастир Дечани во зона на конфликт - 2004-10-12


Во пошумена планина во западно Косово се наоѓа едноставна црква од камења со прекрасни заоблени делови и мала купола. Била завршена во 1335 година за време на српскиот цар Душан, кој е насликан на пет фрески на ѕидовите.

Историчарите по уметсност Дечани го нарекуваат најважна средновековна градба во овој дел од Европа.

Според УНЕСКО, манастирот во Дечани претставува синтенза меѓу византиската и западната средовековна традиција. Манастирот и фреските одиграле големо влијание врз развојот на уметноста и архитектурата за време на отоманскиот период.

Дечани денес е во зона на конфликт. Зад ниските ѕидови на манастирот живеат Албанците. Околу 30-тина српски калуѓери кои живеат во Дечани се заштитени од италијанскиот контингент на НАТО, кој дојде на Косово пред пет години.

Отецот Нектар вели:

„Живееме во манастирот како затвореници. Не можеме да одиме во селото и да пазаруваме како порано. Не можеме да одиме и да му помогнеме некому како што беше порано“.

Неколкумината Срби кои живееле во близина заминале со српската армија во 1999 година.

За време на анти-српските демонстрации во март, некои Албанци се упатиле од селото кон манастирот. Градоначалникот, Албанец, ги одвратил од намерите. Немало оштетувања на манастирот.

Илбер Хиса, Албанец кој бил на чело на граѓанската инцијатива на Косово, не учествувал на протестите во март. Тој вели дека долгогодишната традиција на толеранција била прекината за време на ерата на Милошевиќ и етничките чистења, при што биле уништени и неколку џамии:

„Довербата исчезна. Не треба само да гледате кон косовските Албанци, за да го сфатите значењето на ова. Погледнете кон Српската православна црква. Во минатото таа беше честопати поврзувана со политиката“

Во време на Слободан Милошевиќ, српската црква беше цврсто поврзана со национализмот.

Отецот Сава верува дека Дечани може да стане симбол на етничко помирување, откако преживеа повеќе од 600 години на војни и судири:

„Овие места каде убавината и историјата и нешто што е свето се вградени длабоко во камењата и фреските, ги обединуваат луѓето околу вредности кои имаат универзално значење, за нешто што не е привремено, материјално, туку духовно и убаво“.

Илбер Хиса се согласува. Тој се присетува на времето кога Србите и Албанците живееле во хармонија. Косовските Албанци со гордост ќе гледаат на Дечани како културно богатство. Ова место може да стане важна туристичка атракција на Косово во иднина, смета Хиса.

XS
SM
MD
LG