Линкови за пристапност

САД ги поддржуваат напорите на Македонија за влегување во НАТО  - 2004-10-11


На прес конференција по средбите со македонскиот државен врв, напоменувајќи дека штотуку се враќа од посета на Ирак, Доналд Рамсфелд истакна македонските војници стојат рамо до рамо со американските и останатите војници од коалицијата во Ирак, помагајќи во стабилизација и градење на демократијата во земјата. Тој кажа дека САД ги поддржуваат армиските реформи во Македонија и македонската ориентација за членство во НАТО. Сепак, Доналд Рамсфелд предочи дека успехот во приближување до членство во НАТО во голем дел ќе зависи од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, меѓу што и создавањето на посилна и поефикасна локална самоуправа.

„Луѓето во Македонија очигледно се пред очигледен избор меѓу иднина во НАТО, каде стабилноста и економскиот прогрес можат да доживеаат процут, и враќање во минатото“, кажа секретарот Рамсфелд.

Тој подвлече дека САД ја ценат поддршката на Македонија во глобалната војна против тероризмот и очекуваат зајакнување на армиската соработка во иднина. На новинарско прашање дали, како што најавиле локалните медиуми, е дојден за да изврши притисок во име на меѓународната заедница во врска претстојниот референдум за децентрализацијата, Доналд Рамсфелд одговори со прашање - контра-коментар - дали верувате во се што ќе напишат медиумите?

Секретарот Рамсфелд се сретна и со тројца од четворица припадници на претходните контингенти на македонски војници во Ирак, кои добија американски одликувања - двајца добија медал бронзена ѕвезда, а двајца армиски медал, за спасување на животи на американските војници во Ирак.

XS
SM
MD
LG