Линкови за пристапност

Познати добитниците на овогодишната Нобелова награда за хемија  - 2004-10-06


Израелците Арон Чеченовер, Аврам Хершко и Америриканецот Ирвин Роуз ја добија престижната почест на Кралската шведска академија на науки за нивниот труд во 1980-тите, што доведе до откривање на еден од најважните процеси на клетката.

Соопштението од Академијата вели дека нивната работа овозможила да се разбере како клетката контролира повеќе централни процеси со тоа што разградува само некои белковини, додека други остава негибнати.

Некои од процесите вклучуваат делба на клетката, поправање на на ДНК, контрола на квалитетот на новопроизводените белковини и на важни делови на имунитетниот систем во телото. Ракот на матката и цистичните фибрози се два примери на болести предизвикани со тоа што механизмот на клетката за разградување на протеините не функционира како што треба.

Работата на тројцата нобелови лауреати на ова истражување се смета за важен чекор што може да доведе до развој на лекови против овие болести.

Во соопштението со кое се објавува наградата стои дека биохемиското истражување за тоа како клетките произведуваат различни видови на протеини трае веќе подолго време, но дека сосема малку истражувања се направени за тоа како се разградуваат протеините.

Арон Чеченовер е директор на Центарот за истражувања во медицинските науки при Rappaport Family Institute во Техниан, во Хаифа, Израел. Аврам Хершко таму работи како професор. Американецот Ирвин Роуз е специјалист на Одделот за психологија и биофизика на Колеџот за медицина при Универзитетот на Калифорнија во Ирвин .

Тројцата ќе ја поделат наградата во износ од 1,3 милиони долари.

XS
SM
MD
LG