Линкови за пристапност

Во Хашкиот трибунал започна судењето на единствениот муслиман обвинет за воени злосторства во Сребреница  - 2004-10-06


Со сериозен израз на лицето и во темен косум и вратоврска, 37-годишниот Насер Ориќ, слушаше внимателно додека обвинителот Јан Вубер ги читаше обвиненијата, нарекувајќи го самоназначен воен командант.

„Насер Ориќ имал раководна власт. Тој бил самоназначен врховен воен командант кој раководи со граѓанските овластувања и кој не одговара пред никого.“

Тоа се случувало во 1992-ра и 1993-та во Сребреница и нејзината околина. Војната во Босна се интензивираше, но геноцидот врз муслиманите во овој град се случи по две до три години. Сребреница беше место каде се засолнуваа муслиманските бегалци од други области, место напаѓано од српските сили и каде се случуваа страдања без оглед што беше под заштита на ОН.

Насер Ориќ бил командант на тамошните босанско-муслимански трупи. Обвинителот Вубер го нарече арогантен, неодговорен и игнорантен лидер кој го користел се́ поголемото безаконие во Сребреница за да ги оставари своите воени цели – отстранување на Србите.

Обвинителството го товари г-динот Ориќ за злосторства што го извршиле лица под негова команда, вклучувајќи седум убиства и груб третман врз српски затвореници. Тој е обвинет и за неуспех во спречување или казнување на извршителите на грабежите и за уништување на српски села.

Обвинителите велат дека командантот Ориќго користел грабежот како политика во воено време, при што била крадена храна од разурнатите српски села за да ги нахрани неговите луѓе и муслиманските бегалци.

Одбраната вели дека обвинителите се обидуваат да изградат некомплетна слика за тоа што навистина се случувало во тоа време – етничко чистење на муслиманите во името на Голема Србија. Употребувајќи драматични зборови и уште подраматични новински материјали од војната, адвокатот на г-динот Ориќ, Џон Џонс пред судиите истакна дека обвинетиот не извршил никакво злосторство во обидот да го одбрани својот народ од бавната, но сигурна смрт во рацете на српските сили.

„Додека обвинителството ги изложува доказите се прашувате дали од вас е побарано да верувате во свотот на Алиса во земајта на чудата, каде црното е бело, а белото е црно, каде напаѓачите трвдат дека биле нападнати, а оние кои опколувале дека биле опколени. Во овој случај, дали обвинителите од вас ќе побараат да верувате во спротивното од она за што говорат сите други случаи што се водат во овој Трибунал во врска со босанскиот конфликт.“

Одбраната вели дека Насер Ориќ не бил врховен воен командант, туку храбар војник. Според одбраната, тој немал контрола врз очајните и луѓето кои умирале и оти не претставува воено злосторство да се украде храна од угнетувачи.

Многумина босански муслимани на г-динот Ориќ гледаат како на национален херој. Неговото судење ќе трае околу една година.

XS
SM
MD
LG