Линкови за пристапност

Буш и Кери продолжуваат со меѓусебните обвинувања - 2004-10-06


На синоќа одржаниот митинг во федералната држава Пенсилванија, претседателот Буш го нападна сенаторот Кери со овие зборови:

„Дваесет и седум дена од денес, Американците ќе направат критичен избор. Мојот конкурент нуди агенда со размислување и политика на минатото. За националната безбедност, тој размислува на начинот пред терористичките напади од 11-ти септември, нуди глобалено преиспитување со цел да се смени американското раководство, стратегија на повлекување во Ирак и 20 годишно досие на искажани слабости на функцијата во американскиот Сенат“.

Претседателот Буш ги повтори сите обвинувања на сметка на сенаторот Кери дека често ги менува мислењата во однос на Ирак, заземајќи позиција што политички е најдобра во моментот.

Од друга страна, сенаторот Кери вели дека претседателот ја направил Америка понебезнедна со тоа што извршил инвазија врз Ирак без да обезбеди доволно голема коалиција која би ги поделила трошоците. Демократскиот кандидат смета дека коалицијата би се зацврстила со одржување меѓународен самит за Ирак.

Претседателот Буш, пак го обвини сенаторот Кери дека ги навредил сојузниците на Америка во Ирак и дека би им дозволил на земји како Франција да стават вето на користењето на американски воени сили во земјата:

„Сенаторот би сакал да ја потчини Америка, само да ги задоволи неколку неспособни власи со агенди поинакви од нашата. Тоа е стратегијата за коалиција на мојот опонент: отфрли го својот пријател, обожувај ги критичарите. Не се добива почит на тој начин во светот“.

Сенаторот Кери и претседателот Буш ќе се соочат в петок на втората по ред дебата што ќе се одржи во Сент Луис.

XS
SM
MD
LG