Ирак
Ирачките претставници велат дека најмалку 10 лица загинале, а преку 20 се повредени при денешната експлозија на автомобил бомба во западниот град Анах.
Властите велат дека нападот бил наменет на регрутите на националната гарда.
Претходно, еден ирачки цивил загинал, а шестмина други се повредени во јужниот град Басра, при експлозија на бомба поставена покрај пат, додека минувала британска патрола.
Во меѓувреме, американската армија вели дека бил извршен воздушен напад врз зграда во Фалуџа, откако биле добиени веродостојни разузнавачки податоци дека поддржувачите на бараниот терорист Абу Мусаб Ал-Заркави се сотанувале на оваа локација.
Илјадници ирачки и американски војници продолжуваат со операцијата за преземање на контролата врз области од Багдад запоседнати од вооружени лица. Акцијата започна вчера.
Иран-Нуклеарно оружје
Иран потврди дека започнал со процесирање на ураниум, како подготовка за негово збогатување, процес што може да се искористи за производство на нуклеарно оружје.
Главниот претставник на Иран во Меѓународната агенција за атомска енергија, Хусеин Мусавиан денеска во Виена изјави дека процесирањето на неколку тона ураниум претставува експериментален процес, а не индустриско производство и дека на Агенцијата на ОН ова и познато.
Порпаролот на Меѓународната агенција за атомска енергија кажа дека инспекторите ќе ги посетат иранските нуклеарни објекти за да го утврдат степенот на активноста.
Минатиот месец, бордот гувернери на агенцијата усвои резулуција со која од Иран се бара да ги замрзне сите активности за збогатување на ураниумот. Бордот се закани и со понатамошни чекори доколку Техеран не ги исполни барањата.
Авганистан-Избори
Две лица загинаа, а две се повредени при експлозија на бомб за време на собирот во северен Авганистан за подпретседателскиот кандидат.
Авганистанскиот министер за внатрешни работи вели дека кандидатот за оваа функција Ахмад Зиа Масуд не бил повреден во инцидентот во северниот град Фаизабад.
Министерството вели дека е премногу рано да се кажа дали напаѓачите биле политички ривали или се работи за анти-владини напаѓачи кои ветија дека ќе го потречат гласањето в сабота.
Во меѓувреме, специјалниот претставник на ОН во Авганистан, Жан Арнаулт, вели дека светската организација верува оти престојните претседателски избори ќе бидат успешни и дека само катастрофален настан на денет на изборите може да влијае на кредибилитетот на изборниот процес.
Северна Кореја-Преговори
Раководителот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи предупреди дека меѓународната заедница го губи трпението поради немањето напредок за решавање на севернокорејската нуклеарна криза.
Г-динот Ел Барадеи денеска во Сеул изјави дека шестраните разговори за нуклеарните амбиции на Пјонгјанг траеле некое време и дека меѓународната заедница станува нетрпелива поради немањето успех во решавањето на проблемот.
Првиот човек на агенцијата го повика и Советот за безбедност на ОН да преземе акција за Северна Кореја. Двете Кореи, САД, Русија, Кина и Јапонија имаа три рунди разговори во Пекинг за нукларните амбиции на Пјонгјанг, при што е постигнат мал напредок.
Израел-Палестинци
Во најновото насилство во Појасот Газа, загинале тројца палестински вооружени лица и еден работник од Тајланд.
Израелски воени претставници велат дека напаѓачите денеска упаднале во еврејска населба во јужниот дел на Газа. Тие загинале во вооружена престрелка со израелските трупи, а притоа загинал и тајландскиот работник.
Претходно, според локалните болнички извори, тројца Палестинци загинале, а најмалку 10 лица, вклучувајќи и деца биле повредени при напад на израелските сили во северниот дел на Газа. Израелската армија вели дека нејзините војници целеле на група милитанти.
Најмалку 75 Палестинци, од кои повеќето биле осомничени милитанти и тројца Израелци загинале од минатата недела наваму, кога Израел започна со офанзивата во Газа за да ги спречи гранатните напади на милитантите.