Линкови за пристапност

Републиканците и Демократите на престојната потпретседателска дебата и придаваат особена важност  - 2004-10-05


Политичките аналитичари велат дека вообичаено, потпретседателските дебати имаат мало влијание на претседателската трка. Но и Републиканците и Демократите сметаат дека оваа потпретседателска дебата ќе има поголема важност бидејќи испитувањата на јавното мислење покажуваат оти демократскиот претседателски кандидат Џон Кери победил во минатонеделниот ТВ-дуел со претседателот Буш.

Аналитичарите велат дека за време на вечерашната дебата што ќе се одржи во во Кливленд, федералната држава Охајо, господинот Чејни се очекува да се фокусира на своето политичко искуство и да го претстави претседателот Буш како истакнат лидер.

Сенаторот Едвардс се очекува да ја критикува администрацијата на Буш за политиката во Ирак и за справувањето со економските проблеми во САД.

XS
SM
MD
LG