Линкови за пристапност

vesti 5 - 2004-10-05


Ирак

Очевидците во северен Ирак велат дека во Мосул бил нападнат американски воен конвој.

Според изјавите, автомобил-бомба експлодирал кога поминувал конвојот, а при одворот на трупите, загинале тројца Ирачани. Асошиетед прес цитира портпарол на американската армија во Мосул кој изјави дека во престрелката биле повредени и четворица војници.

Во меѓувреме, полицијата во Мосул соопшти дека биле пронајдени три мртви тела за кои се верува дека се Ирачани.

Западно од Багдад, очевидците велат дека од експлозија на автомобил-бомба во близина на американски конвој во градот Рамади загинале двајца цивили.

Во Багдад американската армија вели дека еден американски војник загинал, а двајца други се повредени кога доцна синоќа при екплозија на бомба поставена покрај пат.

Бремер-Ирак

Поранешниот американски администратор во Ирак Пол Бремер вели дека САД не распоредиле доволно трупи во земјата веднаш по соборувањето на режимот на Садам Хусеин и за тоа платиле огромна цена.

Г-динот Бремер кажа дека немало доволен број трупи за го спречат насилството и грабежите во Ирак, што создало атмосфера на безаконие.

Тој истакна дека во истовреме бил убеден дека промената на режимот во Ирак била вистинската акција и дека и покрај секојдневните насилства и натаму е оптимист за иднината на Ирак.

Г-динот Бремер изјави дека целосно ја почитувал стратегијата на администрацијата на претседателот Буш во Ирак.

Ирак-Избори

Влијателна група на Суните Муслимани во Ирак, вели дека парламентарните избори закажани за јануари нема да бидат валидни доколку не се одржат во сите области на земјата.

Порпаролот на Муслиманската свештенска асоцијација денеска изјави дека изборите нема да бидат кредибилни доколку некои области не се вклучени во гласањето.

Тој изрази и сомнеж дека изборите ќе се одржат како што е планирано.

Ирачкиот привремен премиер Ијад Алави и некои американски претставници рекоа дека изборите ќе бидат валидни дури и ако се попречи гласањето во одредени области.

Израел-Палестинци

Воени извори во Израел велат дека во тек се преговори со Палестинската Управа во обид да се запре израелската офанзива во Појасот Газа како и да се стави крај на милитантните гранатни напади врз Израел.

Соопштено е дека разговорите започнале вчера, а од воени извори се дознава дека Израел ветил оти ќе ја запре офанзивата во Газа доколку Палестинвците престанат со гранатните напади врз израелски цели.

Преку 60 Палестинци и најмалку петмина Израелци загинаа откако Израел ја започна офанзивата минатата недела, како одговор на палестинските напади при што загинаа две израелски деца.

За време на денешните немири, во одвоени инциденти загинаа четворица Палестинци.

XS
SM
MD
LG