Линкови за пристапност

Американскиот Сенат започна дебата за реформи во разузнавањето - 2004-09-28


Со легислативата на Сенатот ќе се имплементираат препораките од дво-партиската комисија која ги истражуваше терористичките напади на 11 септември, 2001-ва година.

Главен предлог е формирање позиција на директор на националната разузнавачка служба, кој ќе ги координира информациите меѓу 15 федерални агенции, кои собираат разузнавачки информации.

Сенаторот Сузан Колинс од Мејн е републикански претставник, претседавач на Комисијата за прашања на владата, тело што го поднесе предлог-законот:

„Како шеф на новите национални разузнавачки власти, назначен од претседателот, а потврден во Сенатот, ова лице ќе има вистински надзор на работата на разузнавачката заедница. Нема повеќе да има забуна или дилема за тоа кој е одговорен“, вели сенаторот Колинс,

Целта на законот е да спречи друг терористички напад на американско тло. Комисијата која ги анализираше нападите од 11-ти септември забележа серија разузнавачки грешки.

Некои сенатори се загрижени дека политичкиот притисок од претседателските избори ќе доведе до избрзано постапување по комплексното прашање за реформи во разузнавањето.

Сенаторот Џо Либерман, демократ од Конектикат и ко-спонзор на предлогот не се согласува:

„Работата со заштитата на нашата нација од терористички напади не може да чека, и не смее да се одложува“.

Сенаторот Даен Фејнстајн, демократ од Калифорнија, предлага директорот на националните разузнавачи да има 5 или 10 годишен мандат, а не 4 или 8 години, колку што има претседателот, кој го именува:

„Неопходно е новиот директор на националните разузнавачи да се одвои од политиката на претседателот, или на Конгресот“.

Претставничкиот дом разгледува сопствена верзија на истата легислатива.

XS
SM
MD
LG