Линкови за пристапност

Вести  27 септември 2004 - 2004-09-27


Израел - актуелно

Палестинскиот безбедносни сили соопштија во вкрстен оган едне палестински старец бил застрелан од израелската армија во бегалски камп во појасот Газа.

Палестинецот бил застрелан додека стоел пред вратите на училиштето во Кан Јунис во бегалски камп. Палестински официјални лица соопштија дека пукотници одекнале од соседното еврејско маало.

Претходно, неколку проектили од домашно производство биле истрелани од правец на појасот Газа врз израелскиот град Штерот. Една зграда била малку оштетена, но нема повредени.

Во Западниот брег, израелските сили со борбени возила, навлегле во градот Џенин и во соседниот бегалски камп, започнувајќи престрелки со палестинските милитанти.

Израелската армија соопшти дека војниците барале осомничени палестински милитанти.

Ирак – напади врз упориште на ал Садр

Американската војска соопшти дека најмалку четири лица загинаа за време на воздушните напади на САД врз упориштето на радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр. Болнички извори соопштија дека околу 40-тина се повредени.

Во утринското понеделничкото соопштение на САД, се вели дека цел на напади биле неколку позиции на милитантите во предградието на градот Садр, арена на постојани престрелки меѓу коалиционите сили и милицијата на Ал- Садр.

На друго место, експлодира автомобил-бомба во северниот град Мосул. Загинаа најмалку тројца ирачки припадници на националната гарда, а повредени се 5-мина.

Полицијата соопшти дека бунтовниците поставиле бомба, додека неколку возила со ирачки гардиски минувале по патот.

Во друг инцидент, четворица ирачки цивили загинаа од експлозија на бомба покрај патот во градот Бакупа, јужно од Багдад.

Џин направи пустош во Флорида

Претседателот Буш прогласи вонредна состојба во повеќето во јужната држава Флорида, погодена од четири силни урагани во последните шест недели.

Декларацијата на претседателот и нуди можност на Флорида да добие помош од државните фондови за итни случаи како поддршка за жителите и компаниите.

Господинот Буш се огласи доцна во неделата, откако ураганот Џин го помина Атланскиот брег на Флорида, погодувајќи ги истите области од ураганот Френсис пред три недели.

Џин уби најмалку 6 лица во Флорида и ја зголеми досегашната штета врз недвижнините. Но, најуништувачките ефекти од бурата се почуствуваа во Хаити, каде повеќе од 1500 луѓе загинаа минатата недела од поплави и одрони на земјиште.

Ураганот Џин ја губи моќта, но временската прогноза вели дека се можно силни врнежи и торнада во јужните делови на САД.

Пошироко за последиците од Џин ќе чуете во вториот дел на емисијата.

XS
SM
MD
LG