Линкови за пристапност

Во Пакистан убиен висок припадник на Ал-Каида - 2004-09-27


Властите велат дека еден од најбараните лица во земјата, Амјад Хусеин Фароки, бил убиен во престрелка со безбедносните сили во јужниот пакистански град Навабшах. За негово апсење беа понудени преку 300.000 долари и за него се верува дека е клучна врска меѓу локалните екстремистички групи и терористичката мрежа Ал-Каида.

Федералниот министер за внатрешни работи Афтаб Ахмед Шерпао за Гласот на Америка изјави дека г-динот Фароки бил баран поради сомнение за заговор во двата обида за атентат врз претседателот Первез Мушараф минатиот декември. Г-динот Шерпао кажа дека пакистанските безбедносни сили нападот го извршиле врз основа на специфична информација оти Фароки се криел во областа.

„Тој бил убиен во обид да изврши гранатен напад врз агенциите за спроведување на законот. Тој беше познат терорист и злосторник и бил вмешан во бројни терористички напади. Тој беше осмислувач на двата обида за атентат врз претседателот на Пакистан“, изјави Шерпао.

Министерот Шерпао кажа и дека безбедносните сили уапсиле и тројца соработници на г-динот Фароки и во моментов се на испрашување. Г-динот Шерпао истакна дека убиството е значително достигнување во пакистанската борба против Ал-Каида.

30-годишниот Фароки беше баран во врска со киднапирањето и убиството на американскиот новинар Даниел Перл во Карачи во 2002.

Пакистанските власти велат дека г-динот Фароки бил близок помошник на либанецот Абу Фарај Фар, оперативен шеф на Ал-Каида во регионот, кој се верува дека се крие во Пакистан.

Познат како клучен и мошне значаен сојузник во борбата против тероризмот под американско раководство, Пакистан има уапсено околу 600 осомничени членови на Ал-Каида, од кои поголемиот дел се предадени во американска надлежност.

XS
SM
MD
LG