Линкови за пристапност

vesti 23  - 2004-09-23


Бранко Црвенковски - Њујорк

Пред утрешното обраќање на 59-тото заседание на Генералното Собрание на ОН, македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска продолжува со своите средби и билатерлани активности во Њујорк.

Претседателот Црвенковски ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора, господинот Вук Драшковиќ. Од делегацијата на претседателот информираат дека на оваа средба сепак ќе стане збор за некои суштински прашања од интерес за двете држави. Ќе се разговара за афирмација и зајакнување на билатералните односи и во тие рамки за развивање на економските релации. Црвенковски и Драшковиќ исто така ќе разменат перспективи за внатрешните состојби во двете држави.

Потоа шефот на македонската држава ќе биде почесен гостин на свеченоста по повод отварањето на „Македонски промотивен центар“ во Њујорк, институција создадена од македонските иселеници во САД, чија основна активност ќе биде да ја промовира Македонија во САД.

Утре за Македонија е главниот настан. Пред Генералното Собрание ќе говори господинот Црвенковски, кој се очекува да ја потенцира определбата на Македонија за изградба на глобалниот мир.

Ирак-Заложници

Расте загриженоста за Британецот и двете италијански жени, кои се заложници на две различни милитантни групи во Ирак, откако се појавија заканувачки пораки на исламистичките веб страници.

Властите во Рим се внимателни околу соопштенијата во кои се тврди дека двете жени, кои работеле како хуманитарни работници биле убиени на 7-ми септември. Италијански безбедносни служби соопштија дека нема докази во соопштенијата и оти тврдењата може да се лажни.

Во меѓувреме, на видеолентата со британскиот заложник Кенет Бегли, која беше прикажана на исламска веб страница, се гледа како го моли британскиот премиер Тони Блер да интервенира и да му го спаси животот.

Господинот Бигли беше грабнат од милитанти поврзани со бараниот терорист Абу Мусаб Ал Заркави. Тие досега ги убија двајцата американски соработници на Бигли.

Ирак, Британија и САД порачаа дека нема да преговараат со терористи.

Ијад Алави-САД

Привремениот ирачки премиер Ијад Алави ќе се обрати во американскиот Конгрес, а во Белата куќа ќе оствари средба со претседателот Буш.

Господинот Буш вчера изјави дека со нетрпение очекува американскиот народ да го слушне господинот Алави, кој ја разбира затегнатата ситуација во Ирак.

Неделава, премиерот Алави изјави дека коалиционите сили под водство на САД, имаат напредок во борбата против тероризмот во Ирак.

Говорот на господинот Алави доаѓа по две години, кога американските конгресмени му дадоа зелено светло на претседателот Буш да појде во војна во Ирак, доколку Садам Хусеин не ги исполни барањата на Вашингтон.

По смената на Садам, многумина американски законодавци го поставуваат прашањето како администрацијата на Буш се снаоѓа во Ирак, во услови на растечко насилство.

Господинот Алави е планирано да се врати во Њујорк и утре да има свое обраќање во Генералното Собрание на ОН.

Турција-ЕУ

Европскиот комесар за проширување Гинтер Ферхојген изјави дека Турција направила значителен напредок во спроведување на реформите со цел да стане член на ЕУ.

По средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Брисел, господинот Ферехојген изјави дека нема „повеќе никакви пречки“ за да го спречат да даде препорака за започнување преговори.

Лидерите на ЕУ треба во декември да обелоденат дали ќе започнат такви преговори со Анкара.

Забелешките на господинот Ферхојген доаѓаат само 24 часа откако турски официјални лица најавија дека Парламентот во недела ќе одржи нова дебата за планираните реформи во кривичниот закон. ЕУ соопшти дека планираните реформи се важни за започнување на преговорите со Анкара.

Израел-Палестинци Тројца израелски војници и двајца палестински вооружени лица загинаа за време на престрелките во еврејските доселенички населби во Појасот Газа.

Израелската војска соопшти дека престрелките започнале кога вооружен напаѓач стрелал врз армиски пункт во населбата Мораг. Беше соопштено дека третиот напаѓач, кој избегал од местото на настанот, подоцна бил застрелан.

Три палестински милитантни групи – Исламски Џихад, Народен комитет на отпорот и Бригадите Абу Риш, блиски до фракцијата Фатах на Јасер Арафат, преземаа одговорност за нападот.

Неколку часа подоцна, израелската армија крена во воздух куќа во близина на еврејска населба во појасот Газа. Армиски портпарол изјави дека куќата била користена од милитанти кои стрелале врз војници.

Вчера, бомбаш-самоубиец изврши напад во Еруселим при што загинале двајца полицајци, а беа повредени 17 лица.

XS
SM
MD
LG