Линкови за пристапност

Најнови вести 21 септември 2004 - 2004-09-21


ОН - Генерално Собрание

Светските лидери се наоѓаат во Њујорк каде започна 59-то Генерално собрание на ОН.

Во обраќањето, Генералниот секретар на ОН Кофи Анан фокусот го стави на меѓународното право. Тој истакна дека главната тема за време на двонеделната сесија ќе биде владеењето на правото.

Според медиумските извештаи, во говорот претседателот Буш се очекува да ја увери меѓународната заедница дека Ирак е на пат кон стабилност и демократија. Тој се очекува и да ја брани својата одлука да започне војна во Ирак, откако не доби поддршка од ОН за употреба на сила во оваа земја.

Во говорот претседателот Буш ќе се осврне и на подобрувањето на глобалната борба против глад, болести и тeророт.

Средби на Буш во ОН

Претседателот Буш се очекува денеска да се сретне со неколку странски лидери пред почетокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Во програмата на претседарелот се вклучени средби со ирачкиот премиер Ијад Алави, јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и пакистанскиот лидер Первез Мушараф.

Г-динот Буш серијата средби ја започна со индискиот премиер Манмохан Синг, а треба да се сретне и со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан.

Ирак - актуелно

Милитантите поврзани со терористот Абу Мусаб Ал Заркави велат дека денеска ќе погубат уште еден заложник доколку не бидат ослободени сите затвореници жени од ирачките затвори.

Семејствата на американскиот заложник Џек Хенсли и британецот Кенет Бигли побараа од киднаперите да ги поштедат заложниците, велејќи дека тие биле во Ирак за да помогнат во реконструкцијата на земјата.

Вчера на видео снимка објавена на исламска веб-страница можеше да се види погубувањето на американскиот заложник Еуген Армстронг. Тројцата договорни работници беа киднапирани од нивниот дом во Багдад во четвртокот.

Британските претставници порекнуваат дека во притвор држат жени затвореници, но американските власти велат дека во затвор има две жени научници кои се обвинети дека работеле на програмата за нуклеарно оружје на Садам Хусеин. Тие велат дека овие две жени не се во ниту еден од затворите што ги споменале милитантите.

Ирак - насилство

При експлозија на автомобил-бомба во близина на американски конвој, повредени се четворица американски војници.

Претставници на американската армија велат дека во нападот се уништени цивилни возила, но не даде никакви поединости.

Во саботата, на истиот пат кој води кон багдадскиот аеродром се случила друга експлозија на автомобил-бомба при што биле повредени тројца американски војници. Во втора експлозија загинале двајца американски војници, а повредени биле осуммина други.

Денеска, ирачката полиција и националните гардисти велат дека уапсиле осомничен бомбаш самоубиец во близина на џамија во Багдад.

Иран - нуклеарна програма

Раководителот на иранската агенција за атомска енергија Голамреза Агазадех вели дека Иран преработува големо количество суров ураниум во гориво за нуклеарни центрифуги.

Ова беше објавено денеска во Виена, само неколку дена откако Меѓународната агенција за атомска енергија побара од Иран да ги прекине сите активности за збогатување на ураниумот.

Техеран го одби барањето на агенцијата и се заканува дека ќе забрани влез за меѓународните инспектори во нуклеарните објекти, доколку агенцијата го предаде предметот на Советот за безбедност на ОН што може да резултира со санкции спрема Иран.

Во Техеран, иранскиот претседател Мохамед Катами рече дека иранската нуклеаерна програма ќе продолжи дури и ако води кон забрана за меѓународните инспектори. Тој подвлече дека Иран се залага за нуклеарна технологија, а не атомско оружје.

САД го обвинија Техеран дека работи на тајна прогрма за производствона нуклеарно оружје.

Авганистан - престрелки

Американската армија вели дека се убиени шестмина милитанти кои извршиле гранатен напад врз хелихоптер во јужен Авганистан.

Официјални лица велат дека откако бунтовниците во провинцијата Забул пукале врз хелихоптерот, американските трупи возврариле при што биле убиени шестмината милитанти.

Исто така во Забул, двајца американски војници беа повредени откако при екплозија било уништено нивното возило.

Изборите во Авганистан треба да се одржат за помалку од три недели, а бунтовниците ветуваат дека ќе го попречат гласањето. Во меѓувреме, некои локални племенски старешини ги повикаа Авганистанците да не излезат на гласање.

XS
SM
MD
LG