Линкови за пристапност

Јужнокорејски претставници изјавија дека наводниот облак во форма на печурка во Северна Кореја можеби бил само обичен облак - 2004-09-17


Јужнокорејски официјални претставници денеска изјавија дека наводниот облак во форма на печурка забележан во Северна Кореја можеби бил само обичен облак.

Минатата недела, јужнокорејски и американски претставници изјавија дека облакот и други разузнавачки информации индицирале на голема експлозија во Северна Кореја.

Пјонгјанг вели дека експлозијата била во рамките на проект за изградба на хидро-електрана. Американските претставнци не го оспоруваат ова тврдење.

Чанг Ок-ним е експерт за одбранбени прашања во Универзитетот Сун Мун во Јужна Кореја. Таа вели дека конфузијата предизвикува загриженост бидејќи САД и Јужна Кореја можеби немаат добра комуникација.

„Всушност, малку е тешко да се открие што навистина се случило во Северна Кореја. Но јасно е дека во оваа чуувствителна ситуација, размената на информации на релација САД-Јужна Кореја не е добра“, изјави овој експерт.

Северна Кореја во четвртокот им дозволи на неколкумина дипломати да ја посетат локацијата каде што се гради, но според медиумските извештаи, дипломатите не можеле да потврдат дали на тоа место имало голема експлозија.

XS
SM
MD
LG