Линкови за пристапност

vesti 17 - 2004-09-17


Ирак

Од самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на полициски конвој во Багдад, загинале најмалку пет лица.

Ова е трет по ред поголем напад врз ирачките полициски сили неделава.

Властите велат дека околу 20 лица биле повредени во друг напад во ирачкиот главен град кога америкаснките трупи се судриле со бунтовниците, при што биле уапсени повеќе лица.

Во вторникот, од самоубиствен бомбашки напад пред полициски регрутен центар во Багдад загинаа 47 лица, додека 10 полицајци и нивниот возач загинале во престрелка во Бакуба.

Во текот на ноќта америакнските бомбардери нападнале осомничени терористички засолништа во градот Фалуџа. Според изјавите на американската армија, во нападот загинале околу 60 бунтовници, но локалните лекари велат дека меѓу загинатите и повредените имало и цивили.

НАТО-Ирак

Резервираниот став на Франција и Белгија ја блокираше согласноста по планот за проширување на мисијата на НАТО во Ирак.

Дипломатите велат дека несогласувањата се јавиле денеска за време на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Холандија. Белгиските и француските забелешки се однесуваа на финансирањето на мисијата и заштитата на воените инструктори на Алијансата во Ирак.

Генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Скефер изрази увереност оти инволвираните страни наскоро ќе најдат заеднички јазик. Тој изјави дека за понеделник закажал средба на претставниците на земјите членки на НАТО во Брисел при што ќе се разговара за различните ставови.

НАТО во момнетов има офицери во Ирак кои ги обучуваат ирачките безбедносни сили и обезбедуваат логистичка поддршка за мировниците под полско раководство во оваа земја.

Русија-Чеченија

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија се подготвува да преземе превентивни акции во борбата против тероризмот.

Новинската агенција Интерфакс го цитира г-динот Путин кој вели дека акциите би биле во согласност со руските закони и принципите на меѓународното право, без притоа да даде други поединости. Г-динот Путин ова го изјави на меѓународната конференција на градоначалните што се одржуваше во Москва, по серијата теростички напади во Русија при што загинаа стотици лица.

Претходно, радикалниот чеченски бунтовнички лидер Шамил Басајев наводно ја презел одговорноста за неодамнешната заложничка драма во училиштето во јужна Русија во која загинаа најмалку 338 лица, од кои половината беа деца.

Во писмо објавено на веб страница на бунтовниците Басајев предупредува на дополнителни напади и ја повикува Русија да ја признае независноста на Чеченија.

Иран-Нуклеарна програма

Иран вели дека можно е да го продолжи своето парцијално замрзнување на програмата за збогатување на ураниум воочи загриженоста на западните земји околи иранските нукларни намери.

Иранскиот главен претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија Хусеин Мусавиан денеска во Виена изјави дека неговата земја можно е да го продолжи замрзнувањето на програмата најрано до ноември.

Оваа изјава уследи еден ден откако САД, Британија, Франција и Германија се согласија по нацрт-резолуцијата на ОН во која Иран се повикува итно да ги прекине сите активности за збогатување на ураниум.

САд го обвинуваат Иран дека тајно произведува нуклеарно оружје, а Иран инсистира дека неговата програма е единствено за мирнодопски цели.

Дипломатитие велат дека нацр-резолуцијата повикува Иран да одговори на сите прашања на Меѓународната агенција за атомска енергија, околу неговата нуклеарна програма додека не се одржи наредниот состанок на бордот гувернери на агенцијата во ноември.

Судан-Дарфур

САД предвидуваат дека Советот за безбедност на ОН ќе ја усвои резолуцијата за проблематичниот регион Дарфур во Судан, откако Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изрази поддршка за оваа мерка.

Американскиот амбасадор во ОН Џон Данфорт вели дека Советот за безбедност одржува конструктивни разговори околу резолуцијата и верува дека ќе има доволен број гласови за таа да се усвои. Тој изјави дека Советот можно е да гласа во текот на утрешниот ден.

Вчера г-динот Анан го повика Советот да не доцни со реакцијата околу нацрт-резолуцијата и да биде што е можно пообединет.

Резолуцијата поддржана од САД се закани со санкции спрема суданската нафтена индустрија и повикуваат на започнување истрага околу обвинувањата дека провладината арапска паравојска врши геноцид врз црните африкански селани.

Кина се заканува дека ќе стави вето на резолуцијата доколку во неа е вклучена заканата за воведување на санкции против Судан.

XS
SM
MD
LG