Линкови за пристапност

Иван и натаму опасност за југот на САД - 2004-09-16


Сега невремето носи поројни дождови во југоисточниот дел на САД. Џенифер Пралго, метеоролог во Националниот центар за урагани во Мајами вели дека ураганот Иван се уште е опасна бура.

“Поголем е бројот на жртви како резултат на поплавите отколку од бурата. Всушност, луѓето кои живеат на крајбрежјето не ја увидуваат опасноста поплави. Предвидуваме да падне 30 сантиметри дожд во областа како резултат на невремето. Ова ова е навистина голема опасност“, вели господинот Пралго.

Се претпоставува дека над 2 милиони луѓе ги напуштиле крајбрежните области, бегајќи од Иван. Стотици илјади жители на Алабама и Флорида се без електрична енергија, а властите ги повикаа напомош единиците на Националната гарда.

Инаку, Иван е третиот по ред ураган што ја зафати Флорида во текот на еден месец.

XS
SM
MD
LG