Линкови за пристапност

САД:  македонската влада има обврска и да го одржи референдумот и да продолжи со примена на Рамковниот договор - 2004-09-16


Американскиот Стејт департмент смета дека македонската влада е обврзана да ги исполни своите уставни обврски за одржување на референдум, исто како што мора да ги исполни своите обврски за натамошна примена на Рамковниот договор.

Вака се вели во писмениот одговор на портпаролот на Стејт департментот Ричард Баучер, на прашање поставено на редовниот брифинг во вторникот, за тоа каква е реакцијата на САД на тоа што македонската влада се согласила на референдум за децентрализацијата.

Според Стејт департментот, САД, во својство на страна која помогна во постигнувањето на договорот од Охрид, и беше сведок на неговото потпишување, го поздравуваат неодамнешното усвојување на легислатура од страна на македонското собрание за реструктурирање и зајакнување на децентрилизирана локална влада, како што на тоа се согласија сите четири главни македонски политички партии во Рамковниот договор. Официјален Вашингтон верува дека овој пакет на нови закони за децентрализација не само што е во целосна согласност со Рамковниот договор, туку и ќе помогне да се создадат севклучителни, етнички разновидни, фискално посилни и политички поцврсти општини.

„Децентрализацијата е значаен чекор напред за Македонија кон посилна демократија и евроатлантската интеграција. Јакнењето на севклучителна демократија и целосната партиципација луѓето во нивната влада е во интерес на сите македонски граѓани, независно од нивната етничка припадност, се вели во писмениот одговор на Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG