Ирак
Нема значи за намалување на најновото насилство во Ирак, а од денешните пресрелки загинале најмалку десет лица.
Од судирите меѓу бунтовниците и американските трупи во градот Рамади, западно од Багдад, загинаа најмалку 10, а повредени се 6 лица. Американската армија вели дека вчера еден маринец загинал во борбите во оваа област.
Во Сувајра, јужно од Багдад, од експлозија на автомобил бомба бил разнесен конролен пункт на ирачакта националана гарда, при што загинале две, а биле повредени 10 лица.
Во меѓувреме, милитантите велат дека го ослободиле турскиот возач на камиони кој беше држен во заложништво, додека една јорданска компанија за превоз, вели дека ќе ги запре своите активности во Ирак во надеж дека ќе биде ослободен еден од нејзините вработени киднапирани неделава.
Русија-САД
Високи руски претставници ја отфрлија американската критика околу политичките промени предложени од претседателот Владимир Путин, велејќи дека таквите акции се дел од руската борба против тероризмот и се строго проблем на Москва.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Вашингтон нема право да го налага сопствениот модел на демократија на која било друга земја.
Вчера, американскиот државен секретар Колин Пауел за агенцијата Ројтерс изјави дека Русија има право да се бори против тероризмот, но дека со предлозите на г-динот Путин, Москва се повлекува од спроведување на некои демократски реформи.
Комесарот за надворешни односи на ЕУ, Крис Патен денеска ја повтори американската загриженост и пред Европскиот парламент во Стразбур кажа дека се надева оти Русија нема да донесе заклучок оти единствениот одговор за тероризмот е зголемување на моќта на Кремљ.
Северна Кореја-Експлозија
Јужна Кореја вели дека минатонеделната огромна експлозија во Северна Кореја можно е да причинета од демолирачка работа, како што тврдеше Пјонгјанг.
Јужнокорејската разузнавачка служба кажа дека се уште е во тек истрагата по инцидентот. Пјонгјканг вели дека експлозијата била причената од демолирање на планинаски предел каде се планира изградба на хидроелектрана во северната провинција Јанг Генг.
Во областа постои сомнение дека се наоѓа постојка за збогатување на ураниум, но американските и јужнокорејските претставници рекоа дека е мала веројатноста да се работело за нуклеарен тест.
Северна Кореја-Дијалог
Претставници блиски до разговорите за севернокорејската нуклеарна програма, велат дека мали се шансите оти новата рунда шестрани разговори за ставање крај на програмата, ќе се одржи месецов.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи вели дека ваквите преговори нема да се одржат од повеќе причини, но не даде никакви поединости.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи кажа дека се не мисли оти ситуацијата ќе се влоши доколку четвртата рунда разговори за севернокорејската нуклеарна програма не се одржи до крајот на месецов, како што беше предложено.
Американските аналитичари и официјални лица исто така предупредија дека можно разговорите да не се одржат најрано до наредната година.
Претходно британски претставник кажа дека Пјонгјанг можно е да планира да чека се до завршувањето на претседателските избори во САД во ноември, па потоа да продолжи со разговорите околу својата нуклеарна програма.
Израел-Палестинци
Палестински болнички извори и сведоци велат дека израелските сили усмртиле најмалку 11 Палестинци за време на денешните напади во два града на Западниот брег.
Тие велат дека шестмина напаѓачи и едно 11-годишно девојче биле убиени во борбите во Наблус, откако израелските сили опколиле зграда каде се криеле милитантите.
Очевидците велат дека напаѓачите биле припадници Ал-Акса-бригадите маченици, милитантна група поврзана со фракцијата на палестинскиот лидер Јасер Арафат, Фатах.
Во меѓувреме, најмалку четворица Палестинци загинале за време на одвоена израелска воена операција во Џенин.
Израелската армија ги потврди акциите, но не коментираше за жртвите.
Судан-Дарфур
Бунтовничка фракција од суданскиот регион Дарфур вели дека тринеделните мировни разговори со владата завршиле неуспешно.
Портпаролот на бунтовничката група - Движење за правда и еднаквост, вели дека се надева дека разговорите ќе продолжат за околу еден месец.
Неупешниот исход од разговорите доаѓа еден ден откако САД ја намалија заканата од воведување на санкции против суданската нафтена индустрија, во обид Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за Дарфур.
Во американската резолуција претставена минатата недела се вели дека ОН ќе преземат казнени мерки против Судан, доколку земјата не преземе чекори за запирање на насилството во Дарфур. Во изменетата верзија на нацрт резолуцијата доставена вчера, се вели дека Советот треба да разгледа соодветни мерки доколку Судан не ги исполни барањата од резолуцијата.