Линкови за пристапност

47 загинати во експлозија на автомобил бомба во Багдад - 2004-09-14


Пред полициската станица на улицата Хаифа има кратер широк три метри, каде што десетици луѓе чекале да се пријават за вработување.

Една жена речиси се онесвести од жалост.

Таа вели, “Каде се нашите синови? Тие доаѓаат тука да бараат работа.“ Таа прашува зошто некој би им го сторил тоа.

Овој човек случајно си заминал од салата за билијард само неколку минути пред да експлодира бомбата во близина.

Тој вели дека играл билијард. Откако си заминал, видел голем пожар и се вратил и видел многу мртви и ранети.

Додека местото го надлетуваше американски хеликоптер, неколкумина разбеснети во толпата ја осудија ирачката привремена влада и други, американскиот претседател, извикувајќи “Буш е куче“.

Во експлозијата биле уништени десетина автомобили, а оштетени се и блиските продавници.

Нападот се случи во булеварот во центарот на Багдад, Хаифа, каде што често има насилства. Во неделата пет лица загинаа кога американски хеликоптер пукаше во толпата што се собрала околу воено возило што било запалено.

Американски претставници велат дека било пукано врз хеликоптерот од близина на запаленото возило.

Исто така завчера, беа активирани четири автомобили бомби чија цел биле американските сили низ земјата.

Во изминатите неколку дена ескалираа борбите низ Ирак при што загинаа шеесетина лица.

XS
SM
MD
LG