Линкови за пристапност

Истрага за уривањето на капсулата Генезис - 2004-09-09


Во маневарот со кој требаше да се избегне уривање на капсулата, учествуваа хелихоптери и се изгледаше подготвено за нејзино прифаќање. Но откако капсулата навлегла во земјината атмосфера, контролорите на летот сватиле дека има серизен проблем, во моментот кога падобранот прикачен за капсулата не се отворил.

“Изгледа дека го немаме падобранот господине. Вектор два нула нула ..Внимавајте на ударот“.

Официјалните претставници велат дека при уривањето на капсулата, никој не е повреден, но има изгледи дека леталото претрпело значителна штета и дека контејнерот во кој се наоѓале честички од соларен ветер собрани од Генесис, бил исто така уништен.

Генесис беше лансирана во 2001-та година и требаше да собере сончев материјал од длабочината на вселената, а научниците се надеваат дека ќе добијат доплнителни информации за создавањето на универзумот.

XS
SM
MD
LG