Линкови за пристапност

Пауел вели дека во Дарфур се врши геноцид - 2004-09-09


Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска изјави дека арапската паравојска поддржана од владата во западниот судански регион Дарфур, врши геноцид врз локалното црно африканско население. Во сведочењето пред Комисија во Сенатот, тој побара меѓународен притисок врз властите во Картум за да ги повлечат милитантите и да дозволат распоредување на набљудувачи на Африканската Унија.

Ваквата одредба господинот Пауел ја засновал на истрагата што ја спроведоа американските власти, при што во Чад биле интервјуирани над 1.100 бегалци од Дарфур.

Пред сенатската Комисија за надворешни односи тој кажа дека геноцидот го вршат милитантите на Џанџавид врз локалното население и дека можеби уште трае.

Но тој рече дека ваквото наоѓање нема да има директен ефект врз администрацијата на Буш, која, кажа тој, веќе прави се што може против насилството во Дарфур:

“Затоа, да не бидеме премногу преокупирани со одредувањето на термин. Овие луѓе имаат очајничка потреба од помош и мора да им помогнеме. Наречете го граѓанска војна, наречете го етничко чистење, наречете го геноцид. Реалноста е таа. Во Дарфур на луѓето очајно им е потребна помош од меѓународната заедница“, кажа американскиот државен секретар.

Господинот Пауел кажа дека владата во Картум на едноставен начин може да избегне општа осуда што следува со откритието за геноцид, со тоа што “ќе претстане да се држи настрана“ и ќе ги запре нападите на милитантите.

XS
SM
MD
LG