Линкови за пристапност

Џон Кери е попопуларен во странските земји - 2004-09-09


Едно ново истражување на јавното мислење спроведено во 35 земји покажува дека мнозинството од анкетираните би сакале на претседателските избори во ноември, кандидатот на демократите Џон Кери да го победи претседателот Џорџ Буш.

Анкетата била спроведена во текот на летото во 35 земји. Во 30 од нив, мнозинството анкетирани рекле дека би сакале на претседателските избори да победи Џон Кери.

Претседателот Буш е во мало водство пред г-динот Кери во анкетите спроведени во Нигерија и Кенија, додека за него се определиле мнозинството од испитаниците во Филипините. Во Индија и Тајланд мислењата се поделени.

Стивен Кал е директор на програмата за меѓународни политички ставови на Универзитетот во Мариленд. Тој е организатор на на истражувањето, заедно со комерцијалната компанија за спродведување анкети, Глоубскен. Г-динот Кал вели дека иако Џон Кери и неговата политика не се многу добро познати во странство, за него се изјаснил поголем процент од анкетираните.

“Најзначаен податок е дека еден на секој петти испитаник, или 20 проценти го поддржуваат реизборот на претседателот Буш“, вели господинот Кал.

Истражувањето спроведено на 34.000 анкетирани исто така покажува дека поддршката за г-динот Кери се зголемила кај оние со повиско образование и побогатите. Г-динот Кал вели дека тоа би можело да биде индикатор дека популарноста на г-динот Кери се зголемува, како што тие се повеќе дознаваат за него.

Но, истражувањето на јавното мислење покажува дека незадоволството од американската надворешна политика на претседателот Буш е дури поголемо од поддршката за г-динот Кери. Голем процент од анкетираните во 30 земји рекле дека надворешната политика на г-динот Буш предизвикала нивното мислење за Америка да се влоши.

Претседателот на Глоубскен, Даг Милер, вели дека анкетите на Стејт Департментот и другите организации покажуваат оти ваквото незадоволство се појавило од неодамна.

“Податоците сугерираат дека ова е нов феномен поврзан со актуелната надворешна политика на администрацијата, а не само пропратни чувства“, смета господинот Глобускен.

Дури и кај 12 земји во кои е спроведено истражувањето, а кои учествиваат со свои трупи во мисијата во Ирак, најголем дел од анкетираните велат дека нивниот став за американската надворешна политика се влошил за време на претседателствувањето на Буш. Единствено во Филипините, каде САД ја поддржуваат кампањата против домашниот тероризам, мнозинството испитаници се изјасниле дека нивниот став за американската надворешна политика се подобрил.

Мислењата од странство за американските претседателски кандидатите беше покренато како прашање во кампањата на почетокот на годинава, кога Џон Кери рече дека некои странски лидери се надеваат дека тој ќе го победи претседателот Буш. Истражувањето на јавното мислење во САД објавено вчера, покажува дека иако американските гласачи велат дека би биле загрижени доколку луѓето во странство стекнат полошо мислење за САД, тоа малку ќе влијае врз нивното гласање на изборите во ноември.

XS
SM
MD
LG