Линкови за пристапност

најнови вести 8 септември 2004 - 2004-09-08


Русија подготвена за превентивни напади

Русија вели дека е подготвена да започне со превентивни напади против терористичките бази насекаде во светот.

Генерал-полковникот Јури Балујевски, командантот на рускиот генералштаб на новинарите им кажа дека нападите ќе бидат посчедното решение во борбата против тероризмот.

Федералната безбедносна служба вели дека поранешниот чеченски претседател Аслан Масхадов и сепаратистичкиот лидер Шамил Басајев стоеле зад минатонеделната опсада на училиштето со задржување заложници и зад други напади во Русија.

Вчера руската телевизија емитуваше снимка за која беше речено дека е направена од напаѓачите за време на заложничката криза. Видеото покажува голем број деца и други собрани во гимнастичката сала која била обложена со експлозив.

Руските претставници велат дека повеќе од 360 лица, меѓу кои и 30 напаѓачи, се убиени во инцидентот што заврши во петокот со експлозии, пожар и вооружена престрелка.

Папата го осуди фанатизмот

Папата Јован павле го осуди насилството ротив децата во светлина на минатонеделниот масакр во училиштето во Јужна Русија, кога 335 лица загинаа, а многу од нив беа деца.

Зборувајќи денеска во Ватикан папта го осуди како што рече „суровиот фанатизам“ што доведе до смрт на многумина во руското училиште.

Папата Јован павле кажа и дека неговите мисли се насочени кон сите деца што страдаат, вклучувајќи и оние кои се принудени да носат оружје и оние кои се лошо третирани и понижувани.

Осум групи за човекови права, меѓу кои и Амнести Интернешенал, издадоа заедничка изјава во која стои дека заземањето на училиштето во беслан било напад на најфундаменталното право, правото на живот.

Во меѓувреме, Унгарија испрати повеќе од два милиони долари во медицинска помош за Русија за третман на повредените во заложничката криза. Австралија вели дека ќе испрати играчки-коала за децата погодени со жалост во Беслан.

Ирак

Уште двајца американски војници денеска се убиени во Ирак додека бројот на загинати од американските трупи надмина илјада од инвазијата во март 2003.

Американската армија вели дека еден војник е убиен и еден повреден во експлозија на патот северно од Багдад. Во главниот град друг војник бил убиен и двајца повредени во напад со бомба.

Со тоа бројот на загинатите американски војници од неделата во борби со бунтовниците во Фалуџа и квартот Садр Сити во Багдад.

Американски воени авиони напаѓаа осомничени бунтовнички цели во јужните делови на Фалуџа веќе втор ден. Претставници на болниците велат дека има најмалку две лица убиени.

Израел го смета Иран за директна закана

Израелскиот премиер Ариел Шарон вели дека меѓународната заедница не прави доволно да го запре Иран во развивањето на нуклеарно оружје.

Господинот Шарон на весникот Ерусалим Пост му кажа дека нема дилеми дека Техеран тајно се обидува да дојде до нуклеарно оружје. Тој кажа дека Израел тоа го сфаќа како директна закана и дека неговата земја ќе преземе чекори да се одбрани од тоа.

Вчера американскиот државен секретар Колин Пауел кажа дека нуклеарната агенција на ОН треба да го префрли случајот со Иран на Советот за безбедност заради одредување можни санкции. Техеран инсистира дека нивната нуклеарна програма е за мирнодопска намена.

Договор за соработка меѓу Русија и Босна

Русија и Бона и Херцеговина потпишаа договор за соработка во борбата против тероризмот.

Рускиот премиер Михаил Фрадков и неговиот босански колега Аднан Терзиќ, договорот го потпишаа денеска во Москва.

Новинската агенција Итар Тас го цитира господинот Фрадков со зборовите дека двете држави ќе разменат информации и искуство и ќе употребат пошироки можности за зајакнување на соработката во борбата со сите заинтересирани агенции.

Премиерот вели дека договорот ја потврдува подготвеноста на двете земји за заеднички напори чија цел е борба против меѓународниот тероризам и организираниот криминал.

Пожар во Турција

Најмалку 19 лица загинале во пожар во еден рудник за бакар во Турција.

Спасувачите денеска ги нашле телата на загинатите и спасиле уште 17 рудари во рудникот кој се наоѓа на околу 300 километри од Анкара.

Властите велат дека некои рудари отишле во подлабоките слоеви за да избегаат од чадот и кажаа дека спасувачите се обидувале да го остранат чадот од рударските окна и дека се надеваат оти има уште преживеани.

Властите се сомневаат дека пожарот бил предизвикан од заварувачи.

Сончеви примероци

Капсулата со материјал од сонцето од вселенскиот лет на Генезиз се урна кај полигонот за обука на американките воздухопловни сили во близина на Јута.

Капсулата носеше деликатни силиконски, сафирни и дијамантски плочки на кои се собрани примероци од сончевиот ветар во мисијата што траеше три години. Капсулата требаше да отвори падобран кога влезе во атмосферата на Земјата и хеликоптер со шестметарска кука требаше да ја прифати.

Но на снимката во живо на телевизијата на НАСА се гледа како капсулата паѓа кон земјата без падобран. Неколку секунди подоцна се забива во земјата.

Капсулата Генезис вредна 260 милиони долари беше лансирана во 2001. Научниците се надеваат дека примероците ќе откријат информации за потеклото и еволуцијата на нашиот сончев систем.

XS
SM
MD
LG