Линкови за пристапност

Реформи во разузнавањето на САД - 2004-09-08


Претседателот Буш вели дека САД напредуваат во борбата против тероризмот, гонејќи ги убијците во странство за да не мора Американците со нив да се соочуваат дома.

На средба со конгресните лидери претседателот Буш не го спомена директно бројот на американските жртви во Ирак што ја надмина цифрата илјада. Но тој сепак кажа дека мисијата на крајот ќе победи зашто, како што рече, слободата ги менува луѓето:

"Слободата промовира мир и затоа ние го цениме жртвувањето на мажите и жените во униформа. Тие служат на голема кауза. Ние жалиме по секој загубен живот. Ние ќе оддадеме почит на спомените за нив со комплетирањето на мисијата. "

Претседателот вели дека работи со Конгресот на реформата на разузнавачките служби со создавање место за Директор на националното разузнавање кој ќе има голем авторитет. Тоа беше една од клучните препораки на двопартиската комисија што ги истражуваше терористичките напади на Њујорк и Вашингтон во 2001.

XS
SM
MD
LG