Линкови за пристапност

Демократијата во арапскиот свет - 2004-09-07


0-11569 Editorial - Arabs and Democracy DATE=09/04/2004 TYPE=EDITORIAL NUMBER=0-11569 Слободата не цвета на Блискиот Исток. И се додека тоа е случај, вели претседателот Џорџ Буш, “Блискиот Исток ќе биде “место на стагнација, огорченост и насилство подготвени за извоз“. Господинот Буш вели дека САД работат на поттикнување на развојот на демократските институции во регионот:

„Служејќи му на идеалот на слободата, на другите им даваме надеж и ја правиме нашата земја побезбедна. Служејќи му на идеалот на слободата, светот го правиме помирен. Слободата не е подарок од Америка за светот, слободата е божји дар за секој маж и жена на овој свет“, рече тој.

Не така одамна, група арапски интелектуалци се состана во Египет на разговори за начините за охрабрување на промени. Своите размислувања ги ставија во манифест познат како Декларација од Александрија. Во документот се повикува на демократија, слободно изразување, толеранција, и владеење на законите во арапските земји.

Лес Кемпбел е регионален директор на програмите за Блискиот Исток во Националниот Демократски Институт. Тој вели дека средбата во Египет е чекор во вистинска насока.

„Мислам дека е новина што бројни арапски интелектуалци, активисти за граѓанско општество, луѓе кои работат на маргините на демократијата во арапскиот свет, се здружиле главно без надворешен поттик. Тоа е оргинален обид и тие излегоа со став за принципи. А тоа не е толку ново колку што е кулминација на долги години на дискусии и работа“,вели тој.

Лес Кемпбел вели дека додека нема вистински демократски влади во арапскиот свет, постојат земји во кои има барем зачетоци на мултипартиски систем:

„Јемен и Мароко се добри примери на мултипартиски системи. Во некои земји има слобода на изразување, некои весници се релативно слободни, некои граѓански организации се обидуваат да извршат каков-таков притисок врз владите“, смета тој.

Предолго, вели претседателот Буш, многу луѓе на Блискиот Исток “се жртви и предмети. Тие заслужуват да бидат активни граѓани“.

XS
SM
MD
LG