Линкови за пристапност

МКГ бара од ЕУ да посвети внимание на сериозноста на ситуацијата во Македонија - 2004-09-07


Претседателот на Меѓународната кризна група, Гарет Еванс во писмото до министрите за надворешни работи на ЕУ, повикува на одржување на комуникацијата со сите политички страни во Македонија и разгледување на планот за продолжување на мандатот на полициската мисија на ЕУ, Проксима, за уште една година, со образложение дека процесот на реформи во безбедноста ветени во Рамковниот договор се уште не е комплетиран.

Во писмото уште е наведена и важноста на имплементирање на овој договор за македонската долгорочна стабилност и интеграција во евро-атланските структури.

„Надежта за европска интеграција на македонските политичари им дава главна мотивација за спроведување на реформите, а им помага и при гарантирањето на мирољубива коегзистенција меѓу главните етнички групи во земјата. Доколку Македонците увидат дека не се многу пожелни во ЕУ, тогаш тие повторно ќе ја стават под сомнение нивната национална иднина“, се вели во писмото на господинот Еванс до ЕУ.

XS
SM
MD
LG