Операцијата за вградување повеќекратен бајпас на поранешниот американски претседател започна вчера наутро во Презбитеријанската болница во Њујорк, каде беше примен во петокот, откако се пожалил на отежнато дишење и болки во градите. По извршените тестирања, што покажале зачепување на најмалку три срцеви артерии, лекарите веднаш закажаа операција.
Семејството Клинтон примило десетици илјади пораки за скорешно опоравување од поддржувачите. Пред операцијата г-динот Клинтон за Си Ен Ен изјави дека со нетрпение ја чека хируршката интервенција за да почне да се опоравува и да продолжи со трчањето. Медиумите јавуваат дека тој наводно, од болничкиот кревет му дал совети на претседателскиот кандидат Џон Кери во врска со кампањата.
Сенаторот од Њујорк Хилари Родам Клинтон изрази оптимизам во однос на целата лекарска процедура.
„Се ќе биде во ред, и тој ќе врати во форма за изборната битка, веднаш по операцијата и неопходниот период на опоравување“, изјави госпоѓа Клинтон
Секоја година во САД се извршуваат околу 250.000 бајпас операции и стапката на ненајдејна смртност е помалку од 4 проценти.
Хируршката операција за вградување бајпас вклучува земање на крвен сад од кој било дел од телотот и негово искористување за премостување на протокот на крвтата во крвните садови кои се зачепени.
Д-р Френк Сорса е кардиолог во Медицинскиот центар Ветчестер каде што биле извршени првичните тестирања. Тој вели дека периодот на опоравување варира, но за 58-годишниот Клинтон тој би требало да трае кусо, бидејќи тој генерално е во добра здравствена состојба, освен високиот холестерол.
„Постарите пациенти обично подолго време остануваат во болница, но генерално има тенденција на намалување на времето кое се менува во болница, по рутинските бајпас операции“, изјави д-р Сорса.
Лекарите велат дека доколку се оди според планот, г-динот Клинтон би можел да ја напушти болницата до крајот на неделава. Рехабилитацијата од бај-пас операција вообичаено трае околу два месеца.