Линкови за пристапност

Претседателска кампања-Обете партии во САД се трудат да ги привлечат гласовите на муслиманите  - 2004-09-06


Кога Михамед Али Хасан ја основаше организацијата „Муслиманите за Буш“, тој се обидувал на политичката сцена да го направи она што го правел преку филмот. Овој 24-годишен режисер вели дека неговата цел е да ги информира Американците, посебно Американците муслимани за социјалните проблеми и можните решенија. За г-динот Хасан, претседателот Буш е најдобриот човек за спроведување на овие решенија.

„Ние навистина го сакаме претседателот Буш. Ни се допаѓа она што го прави. Мислиме дека сите не ја знаат востината за политиката на претседателот Буш и сакаме да им кажеме дека тој е добар за муслиманите. Тој е добар за светот. Потребно ни е тој да продолжи да биде лидер“, истакна господинот Хасан.

Тој вели дека неговата организација има две цели.

„Првата е дека ние се обидуваме да ги убедиме муслиманите да гласаат за претседателот Буш, бидејќи сметаме дека тој е коректен во однос на секое прашање. Второ, ние сакаме Американците да знаат дека тој е добар претседател. И оти тој многу добро се справува со ситуацијата во однос на војната против тероризмот, војните во Авганистан и во Ирак. Неговата надворешна политика е победничко решение и за муслиманскиот свет и за нас во однос на војната против тероризмот“, вели тој.

Г-динот Хасан истакнува дека муслиманските гласачи се неопределени и потребно е да дознаат факти за кандидатите што ќе им помогнат да изберат. Тој вели дека обете партии се обидуваат да ги придобијат муслиманските гласови.

„И демократите и републиканците дополнително вработуваат муслимани како персонал. Тие се обидуваат да обезбедат што е можно повеќе средби со организациите на американските муслимани. Очигледно дека нивните внатрешни анкети им покажуваат дека муслиманските гласачи се неопределени и дека треба да се освојат“.

Усама Себлани, издавач на Arab American News и претседавач на Конгресот на арапско-американско организации во Мичиген, смета дека муслиманските гласови на овие избори би можеле да бидат пресудни.

„Според неодамнешните истражувања на јавното мислење што сум ги видел, во некои од федералните држави каде што ќе се водат одлучувачки изборни битки, мнозинство се неопределни муслимани. Такви се Мичиген, Охајо, Пенсилванија и други, и на овие избори пресудни ќе бидат муслиманските гласови“, изјави господинот Себлани.

На минатите избори, мнозинството муслимани се определиле за претседателот Буш. Овој пат, вели г-динот Себлани тие би можеле да се определат поинаку.

„Пред 11 септември, американските муслимани неколкупати беа одбиени да се сретнат со него во Белата куќа. Длабоко сум уверен дека овој пат изборот ќе биде многу тежок. Од она што го ледам кај муслиманските заедници низ целата земја, можам да кажам дека тие не се многу задоволни од администрацијата на Буш. Време е за промени“.

Со овој став се согласува и Махди Бреј, извршен директор на Муслиманско -американското општество. Тој вели дека, годинава, поддршката за г-динот Буш е мала.

„Од сопствено искуство, обучувајќи над 2.200 активисти во граѓански работилници, посетувајќи џамии и организации и нивните локални центри, можам да кажам дека нема енузијазам за кандидатурата на Буш, во споредба со изборите во 2000-та. Сепак, сенаторот Кери допрва треба да го привлече вниманието. Мислам дека доколку народот гласа за Кери, тоа не е поради Џон Кери. Тој не и пристапи на муслиманската заедница онака како што многумина би сакале“, вели господинто Бреј.

Шахид Кан од организацијата „Муслиманите за Кери“ признава дека кандидатот на демократите не сторил многу да им се приближи, но додава дека неговата група соработува со неговата кампања за да го промени тоа и да го доведе него во Белата куќа. Г-динот Кан вели дека администрацијата на демократите ќе биде подобра за за американско-муслиманската заедница, отколку уште еден четиригодишен мандат на републиканската.

„Не се избира една личност. Се избира партија, илјадници лица кои ќе бидат назначени на функции. Доколку ги погледнете републиканската и демократската база, ќе видите дека во републиканската има повеќе непријателско расположени спрема муслиманите, независно што Буш зборува за исламот и муслиманите“, вели Кан.

Организацијата на Шалид Кан изминатиот викенд ја одржа годишната конференција на Исламското општество за Северна Америка, на која биле регистрирани гласачи и се говорело за нивните кандидати. Активностите на овие организации, според Махди Бреј од Муслиманско-американското општество се позитивен чекор за заедницата која долго време била незаинтересирана за политичкиот процес во Америка.

XS
SM
MD
LG