Линкови за пристапност

Жените терориисти - нов предизвик за контра-тероризмот - 2004-09-03


Чеченските милитанти кои се борат за независна република не се колебаат да вклучат жени во нивните операции. Жени учествуваа во заложничката операција пред две години во театарот во Москва и во други операции што доведоа до неодамнешните самоубиствени бомбашки напади.

Аналитичарот Олга Оликер од Корпорацијата Ренд тоа не ја изненадува. Таа вели дека тоа е уште една тактика за привлекување внимание и за застрашување на јавноста.

“На некој начин е позастрашувачки за јавноста што се обидуваат да ја исплашат. Обично ги профилираме потенцијалните терористи како одредена група луѓе и таа група обично се мажи. Затоа кога исто така мора да се трага по жени и млади девојки се создава уште поголем предизвик за властите“, смета госпоѓа Оликер.

Мотивот на чеченските жени бомбаши не е јасен. Госпоѓа Оликер вели дека некои од нив, како нивните машки колеги, силно се посветени на казуата. Некои се принудени на самоубиствени операции. Други, пак, познати како “црни вдовици“, бараат одмазда за смртта на нивниот маж, татко, брат или син.

Стенли Бедлингтон, кој е поранашен аналитичар на ЦИА за контратероризам вели дека уште потешко е да се откријат жените заради вкоренетиот социјален став кон жените.

“Тие се избираат затоа што некои пристојноста ќе ги спречи да ги претресат, така што можат да дојдат до целта. А на некои инстанци, жените терористи со појаси со експлозив може да минат крај чуварите“, вели господинот Бедлингтон.

Некои аналитичари сугерираат дека чеченските терористи се угледуваат на палестинските милитанти кои испраќаа жени бомбаши заради поголем ефект.

Амација Барам од Универзитетот Хаифа се согласува дека се зголемува бројот на жени бомбаши самоубијци во арапско-израелскиот конфликт.

“Тоа е нешто заразно, како болест. Доколку многу мажи се самоубиваат на тој начин, тогаш некои жени тоа ќе ги привлече и ќе станат легитимни“, вели господинот Барам.

Господинот Барам е почитуван аналитичар на политичкиот Ислам. Тој вели дека порано порелигиозно ориентираните милитантни организации како Хамас повеќе се колебале да употребат жени бомбаши самоубијци отколку секуларните групи како борците на Фатах. Но, тој додава, дека тоа се менува.

“Фатах никогаш немале никакви пречки. Тие користеа жени и секогаш ги наоѓаа со многу длабок лична болка или криза и ги користеа. Хамас не го правеше тоа. Мислам дека прв пат испратија млада жена, мајка на три деца, да го активира експлозивот на неа на границата меѓу Газа и Изарел, беше пред неколку месеци“.

Експертот против тероризам Бедлингтон истакнува дека жените терористи не се ништо ново и дека религијата не е фактор.

“Воопшто не е ново. Ако се потсетите на процутот на секуларните терористи кои беа Марксисти, а тоа се Црвените бригади и нивната фракција Црвената Армија во Германија, кои сите беа Марксисти и не беа поттикнати од религиозен тероризам, тоа повеќе или помалку беше врв на жените терористи“,смета господинот Бедлингтон.

На Блискиот Исток, токму една жена, Лејла Калид, кога изврши едно од првите киднапирања на авион во 1969 година, привлече внимание на палестинската кауза. Амација Барам исто така се сеќава на едно од првите самоубиствени бомбашки напади во 80-те што во Либан го ивршила жена.

“Првиот случај на самоубиственбомбашки напад што го знам во Израел и околу Израел се случи во Либан додека таму се уште беа израелските сили. Мислам дека во 1984 година една членка на многу секуларната христијанска Пан-сириска партија се самоуби и уби неколку израелски војници“, вели госпоѓа Барам.

Рускиот експерт Олга Оликер вели дека за безбедносните експерти сега е предизвик како да се справат со факторот жени.

“Луѓето не се навикнати да гледаат во жените потенцијални бомбаши. И треба да ги обучите да обрнуваат внимание и на девојките како и на момчињата за да се види дали жените се потенцијални напаѓачи“, смета госпоѓа Оликер.

Госпоѓа Оликер вели дека исто така ќе биде потребен голема психолошка промена во навиките на безбедносните сили за да гледаат на жените исто како и на мажите како на потенцијален непријател.

XS
SM
MD
LG