Линкови за пристапност

Флорида се подготвува за нов силен ураган - 2004-09-03


Метеоролозите велат дека ураганот Франсис е невреме со огромни размери и со ветар чија брзина сега надминува 130 километри на час. Вчера на Бахамите ветерот однесе покриви од куќите и предизвика големи поплави.

Кери Милс, претставник на спасувачите од Марш Харбор вели дека жителите на Бахамите пред неколку дена биле предупредени за доаѓањето на ураганот.

"Оној што до сега не е во засолниште, значи дека не сака да биде. Имаше неколку дена за подготовка. Не можеме сите да ги натераме да заминат, но можеме да го убедиме мнозинството" , вели господинот Милс.

Во Флорида, властите ги поттикнаа жителите кои живеат по должина на 500 километарската крајбрежна линија од Мајами до Дејтона Бич на север да се евакуираат. Метеоролозите велат дека Франсис е толку голем ураган што речиси сите во таа област ќе бидат зафатени од невремето. Ова е втор силен ураган што ја погодил Флорида во текот на еден месец.

XS
SM
MD
LG