Линкови за пристапност

САД го осудија инцидентот со заложници во рускиот регион Северна Осетија - 2004-09-01


Официјални лица велат дека во однос на најновиот инцидент со заложниците, САД се во дипломатски контакт со руските власти во Москва и преку руската амбасада во Вашингтон.

Портпаролот на Стејт департментот Томас Кеиси изјави дека САД најостро го осудуваат земањето на заложници и бараат безусловно ослободување на сите кои се наоѓаат во училишна зграда во Северна Осетија.

„Очигледно нема ниту една причина за оправдување на одземањето невини човечки животи или ризикувањето на невините животи. Ги повикуваме грабнувачите итно и безусловно да ги ослободат сите лица кои сега ги држат како заложници“, истакна господинот Кеиси.

Тој рече дека САД ја поддржуваат Русија во борбата против тероризмот и се подготвени да обезбедат секаква потребна помош за овој случај, иако појасни дека досега нема такво барање од Москва.

Претставникот на Стејт департментот кажа и дека САД го поддржуваат и вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, што го побара Русија, а во врска со серијата терористички напади во земјата во изминативе неколку дена.

XS
SM
MD
LG