Линкови за пристапност

vesti 1 - 2004-09-01


ОБСЕ-Македонија

ОБСЕ соопшти за преземањето на контролата на источната граница на Македонија од страна на македонската полиција.

Во денеска објавеното соопштение на ОБСЕ, шефот на единицата за полициски развој, Дејвид Тингл, вели дека преземањето на контролата врз границата од Министерството за внатрешни работи, претставува симбол на стабилност.

Г-динот Тингл рече и дека со овој чин земајта се приближува кон евро-атланска интеграција.

Трансферот на контролата уследи по обемната обука која за припадниците на македонската полиција ја обезбеди мисијата на ОБСЕ во Скопје. Мисијата обучуваше 40 полициски офицери, а донираше и комјутерска опрема во вредност од 73.000 долари.

Русија-Заложничка криза

Руските медиуми јавуваат дека осум лица загинале во заложничката криза во јужна Русија.

Вооружени лица во републиката Северна Осетија зазеле едно училиште во градот Беслан на првиот ден од учебната година.

Според медиумнските извештаи, тие носат појаси со експлозив и држат најмалку 400 заложници, меѓу кои 132 деца.

Властите велат дека напаѓачите се закануваат дека ќе убијат 50 деца за секој за секој нивен убиен припадник, а по 20 деца за секој повреден.

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачите бараат од Русија да ослободи некои бунтовници. Властите велат дека грабнувачите се заканиле дека ќе го дигнат во воздух училиштето доколку упадне полиција. Рускиот претседател Владимир Путин во Москва се сретна со највисоките претставници на безбедноста, веднаш по враќањето од одморалиштето на Црното море Сочи на разговори за решавање на кризата.

Републиканска конвенција

На третиот ден од Републиканската национална конвенција во Њујорк вечерва по локално време ќе говори потпретседателот Дик Чејни и се очекува силно да ја брани војната во Ирак под американско раководство.

Господинот Чејни, кој припаѓа на конзервативниот дел од партијата, ќе говори на конвенцијата по дводневните говори на главно умерените републикански лидери.

Еден од главните говорници на денешниот претпоследен ден од конвенцијата се очекува да биде сенаторот Зел Милер, демократ од Џорџија. Иако тој е член на опозиционата партија, г-динот Милер силно го поддржува претседателот Буш и е гласен критичар на демократскиот кандидат Џон Кери.

Синоќа партијата формално го номинираше г-динот Буш за кандидат на Републиканците на изборите во ноември. Тој денеска ќе пристигне во Њујорк каде утре официјално ќа ја прифати номинацијата.

Ирак

Денеска официјално беше назначено привременото ирачко национално собрание.

100-членото собрание, во кое има претставници на сите етнички и верски групи во земјата го избра курдскиот политичар Фуад Масум за претседател на ова тело. Собранието ќе ја надгледува работата на владата се до изборите во јануари.

Веднаш по првиот состанок на собранието, неколку гранати еклодирале во непосредна близина, при што еден ирачки цивил загинал.

Поранешниот соработник на Пентагон Ахмед Чалаби изјави дека на пат кон состанокот избегнал обид за убиство, кога вооружени лица пукале кон неговиот конвој, при што двајца негови телохранители биле повредени.

Во меѓувреме, разговорите меѓу владата и паравојската на Моктада ал Садр за прекин на борбите во градот Садр се во ќорсокак, поради одбивање од страна на владата на предлозите на паравојската за повлекување на американските трупи од оваа проблематиќна багдадска населба.

А во северниот град Мосул во артилериски напад врз една владина зграда, загинал еден Ирачанец, а најмалку 11 биле повредени.

Ирак-Заложници

Милитантната група во Ирак ослободила седуммина странски возачи на камиони кои биле во заложништво шест недели, додека Франција и натаму чека информации за судбината на двајца нејзини државјани, киднапирани во Ирак.

Ослободените заложници кои се од Кенија, Индија и Египет, пристигнаа во Кувајт, каде се наоѓа седиштето на компанијата за која работеле.

Претходно, арапската телевизиска мрежа Ал-Арабија емитуваше видео снимка од заложниците, кои изгледале дека се во добро здравје.

Во меѓувреме, Франција продолжува со дипломатските напори за ослободување на двајцата француски новинари киднапирани во Ирак.

Групата која себе си се нарекува Исламска армија во Ирак се заканува дека ќе ги убие новинарите доколку Франција не ја повлече забраната за носење муслимански шамии во улиштата.

Пакистан-Ал-Каида

Пакистанските безбедносни сили уапсиле двајца осомничени терористи, од кои еден е Египќанец за кој се верува дека е висок припадник на оваа ал-Каида.

Властите објавија дека се работи за Египќанецот Шариф ул Мисри, за кого е понудена награда за неговото апсење. Додека за другото лице нема информации, но се верува дека исто така е по потекло од Блискиот Исток .

Шеик Рашид, кој денеска полоѓи заклетва како нов член на пакистанската влада, денеска потврди дека е уапсен припадник на терористичката мрежа ал-Каида. Тој апсењето го нарече голем успех на пакистанските безбедносни и разузнавачки агенции.

Според претставници на бебзедноста двете лица биле уапсени неделава во југозападниот град Куета.

Пакистан е клучен сојузник на САД во војната против теророт. Неговите бебзедносни сили уапсија над 500 осомничени терористи, а десетици се обвинети за поврзаност со терористички групи.

XS
SM
MD
LG